Ампелотерапија

0
39

Терминот ампелотерапија ја означува употребата на екстракти од црвено вино во терапевтски цели.

За лековитите својства на виното се знаело од настанувањето на цивилизацијата

Човекот го користел виното од настанувањето на цивилизацијата па се до денешен ден. Црвеното вино претставува врв на алкохолните производи. Прашањето за корисноста и штетноста од користењето на другите алкохолни пијалоци (независно од употребуваната количина) во текот на многу векови останало отворено, но корисноста од употребата на умерени количини црвено вино е медицински докажана. Црвеното вино содржи многу полезни биолошки активни супстанции, кои се неопходни за организмот и го намалуваат штетното дејство на алкохолот. Самото грозје е најбогат диететски производ. Плодовите на грозјето го содржат речиси целиот Менделеев систем на елементи, посебно многу калиум, фосфор, флуор и јод. Иако за да се постигне лековит ефект треба да се користи огромна количина на грозје.

Ферментација на виното

Производството на вино условно се вбројува во еден од начините за конзервација на сокот од грозје. Во процесот на ферментација на виното едни соединенија исчезнуваат или нивната количина се намалува (шеќер), додека други ги менуваат својствата. Така, во виното се зголемува содржината на флавоноидите (до 40%). Црвените вина содржат фенолни соединенија кои поседуваат исклучително висока биолошка активност, како на пример ресвератролот, кој практично го нема во другите растенија.

 

Според содржината на БАД, посебно место во светот завземаат вината кои се подготвени на „катехински“ начин. Особеноста во производството на тие вина е тоа што се користи не само сокот од грозјето, туку и лушпата, дршките и семките.

И покрај утврдената корисност од редовната употреба на црвеното вино, постои определена група луѓе која треба да се огради од употреба на секаков вид алкохол. Покрај тоа, не е секогаш возможно (од разни причини) редовно да се употребуваат квалитетни црвени вина.

Француски парадокс

Популарноста на екстрактите од црвено вино во голема мерка е сврзана со појавата наречена „Француски парадокс“. Суштината на дадената појава е следната: Во развиените земји кардиоваскуларните заболувања се главна причина за предвремената смрт. Во текот на многу децении статистиката за смртност на СЗО била особено висока во САД. Во 80-тите години американските научници спровеле истражување на 7 милиони европјани, во кое се појавила огромна разлика меѓу западните земји и се покажало дека во Франција смртноста од кардиоваскуларни заболувања е за 36-56% пониска отколку во САД, иако употребата на заситени масти и пушењето е еднаква во двете земји. Тоа го објаснале со фактот дека Французите имаат навика да пијат повеќе црвено вино од другите народи.

Во врска со тоа, во последно време се произведуваат суви екстракти од црвено вино, кои главно се користат за производство на БАД. Најпрво тоа производство започнало во Франција, а потоа и во други земји, како на пр. Русија.

Биолошка вредност на екстрактот од црвено вино

Биолошката вредност на екстрактот од црвено вино е во разновидноста на биолошки активните соединенија на виното. Едни од најефикасните супстанци на виното се полифенолните соединенија, кои се претставени со фенолните киселини, флавоноидите (кверцетин, рутин), антоцијаните, катехините, проантоцијанидите, ресвератолот и др. Виното содржи и макро и микро елементи, незаменливи аминокиселини: треонин, валин, метионин, триптофан, аланин, изолеуцин, лизин; витамини: В1, Б2, В6, В12, РР а исто така и органски киселини: оцетна, јаболкова и лимонска.

Фармаколошки ефекти на полифенолните соединенија на виното

  • Проантоцијанидите и ресвератолот ги ловат слободните радикали, ја зголемуваат содржината на ЛПВГ (липоротеини со висока густина), ја снижуваат агрегацијата на тромбоцитите, а со тоа го заштитуваат организмот од кардиоваскуларни заболувања.
  • Ресвератолот има антикарциномска активност, го закрепнува кардиоваскуларниот систем.
  • Катехините и проантоцијанидите го спречуваат стареењето на кожата, го стимулираат производството на колаген и еластин, ја обновуваат еластичноста на кожата.
  • Кверцетинот и рутинот ги зајакнуваат ѕидовите на крвните садови и капиларите.

Основна активна супстанца на екстрактот од црвено вино е класа на биолошки активни супстанци, кои во последно време се во широка употреба – тоа е Комплекс на олигомерни проантоцијаниди (КОПЦ).

Клиничките испитувања, спроведени во многу земји во светот, покажале позитивно дејство на проантоцијанидите од црвеното вино врз кардиоваскуларниот систем. Британските научници докажале дека еден од механизмите се заснова на тоа што полифенолите од екстрактот ја потиснуваат транскрипцијата на генот ендотелин-1 во културата на артеријалните лимфоцити. А со хиперпродукцијта на ендотелин-1 (кој е одговорен за производството на протеинот ендофелин-1) е поврзано нарушувањето на коронарниот крвоток кај болни со исхемична срцева болест. При нормален режим, протеинот ендофелин–1 учествува во образувањето на ѕидовите на артериите и вените, но при негово зголемено излачување се образуваат задебелувања на ѕидовите на крвните садови, кои доведуваат до атеросклероза и развој на заболувања на кардиоваскуларниот систем. Покрај тоа, синтезата на ендотелин-1 ја потиснуваат фосфолизирачките ферменти слични на полифенолите од црвеното вино.

Врз основа на тоа, научниците го сметаат екстрактот од црвено вино за можно профилактичко средство за спречување на атеросклероза, стенокардија, варикозно проширување на вените и други нарушувања на кардиоваскуларниот систем.