Јога за време на бременоста – Најкорисна форма на физичка активност

0

Бременоста е прекрасен период во животот на една жена, но исто така е период кога нејзиното тело се соочува со добар вариетет од прилагодувања. Не сите од овие прилагодувања се лесни, а тоа најчесто се должи на фактот дека жената во текот на бременоста значително ја зголемува телесната тежина. Јогата е одлична форма на физички вежби за бремените жени, бидејќи им носи многу позитивни придобивки на идните мајки. Како резултат на тоа, доаѓа зголемениот интерес на бремените жени да го практикуваат овој древен индиски метод.

Јога позиции – Асани

Постојат многу причини зошто јогата е популарна, особено кај бремени жени. Јогата вклучува голем број вежби за истегнување кои им овозможуваат на бремените жени да останат подвижни и агилни до крај на бременоста. Постојат одредени јога позиции, познати како асани, кои се потенцијално корисни за идните мајки. Тие пред се овозможуваат поддршка на долниот дел од ‘рбетот, бутовите и колковите.

Една таква позиција е ставот на Пеперутка. Конкретно оваа позиција помага да се олабават мускулите на колковите и препоните, особено кога се изведува регуларно и редовно. Во јогата постојат и други позиции (Mudra и Bandha) кои ги тонизираат мускулните групи на задникот и карлицата и кои доколку се практикуваат редовно овозможуваат сигурно и лесно породување.

Став на Пеперутка:

 

Јога став кој треба бремените жени да го вклучат во нивните јога тренинзи е позицијата Мачка (Bidalasana). Оваа позиција се фокусира на мускулите на вратот, рамената и `рбетот и тоа им помага на бремените жени да се движат многу полесно и без тегоби. Жените кои вежбаат на овој начин имаат поголема постурална стабилност и од таа причина не страдаат од болки во грбот. Повеќето жени кои немаат тонизирани мускули на `рбетот се жалат на чести болки во грбот во текот на третиот триместар кога бебето е поголемо и потешко.

Став на Мачка:

Јога за полесно поднесување на бременоста

Освен тонирање и зајакнување на мускулите, јогата, исто така, и помага на жената да биде посмирена и подобро да ја поднесува и доживува бременоста. Поголем број жени не можат да се справат со самата бременост и како резултат на тоа тие не обезбедуваат добра заштита за себе. Јогата како специфичен вид на физичка активност вклучува голем број вежби со акцент на уредно, релаксирано дишење и медитација. Токму ова и помага на секоја жена значително да се смири и релаксира. Се верува дека тогаш и бебето е смирено и мирно заедно со мајката.

Бремената жена треба да планира да започне да практикува јога и треба тоа да го стори под раководство на квалификувано медицинско лице. Постојат јога вежби кои се прилично тешки да се изведат, особено за оние кои никогаш претходно не практикувале јога. Исто така треба идните мајки да бидат сигурни дека обуката ја спроведува соодветно квалификуван учител. Треба да се избере учител кој постојано ќе ја следи жената и ќе овозможи сите јога вежби да бидат правилно изведени и со оптимален интензитет. Јогата исто така помага во воспоставување на телесна тежина и фигура слична на таа од пред бременоста.

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-