Танцување како форма на физичка вежба

0
61

Танцување: како движењето на ритам може да ви помогне да уживате во вежбањето

Најважно за одржување на добра фигура и здраво тело е да уживате додека вежбате. Танцувањето е еден од најинтересните облици на физичка активност, и може да ви помогне да се здобиете со тенка и атрактивна става. Ако сакате да изгубите некој килограм, или да го зацврстнете телото тогаш ви препорачуваме да почнете да одите на часови по танц.

Танцување како форма на вежбање

Постојат многу различни видови танц кои може да се научат и да се практикуваат, вклучувајќи ги балетот, тангото, салсата, самбата, капоирата и други. Додека едни танц стилови се бавни и елегантни, други се брзи интензивни. Но, сите танц стилови вклучуваат одреден степен на физичка активност, и токму тие може да се сметаат за еден вид физички вежби. Ако планирате да ја намалите телесната тежина, да ги тонизирате вашите мускули или да ја подобрите вашата издржливост и кондиција, тогаш треба да се обидете да танцувате салса, хип хоп, капоира или друг вид на танц со брз ритам. Од друга страна, ако сакате да ја подобрите вашата флексибилност и баланс, тогаш најдобра опција е балетот. Танцување не само што ќе ви помогне да останете во форма, исто така ќе го подобри држењето на вашето тело, движењето и координацијата.

 

Уживање во танцувањето

Можете да научите да уживате во вежбањето, доколку учествувате на часови по танц, бидејќи танцувањето е пријатна активност. Танцувањето е всушност одговор на телото кон музиката, и преставува волшебна физичка активност за сите кои се заинтересирани за музика. Музиката стимулира одредени центри во мозокот, вклучувајќи го и орбито-фронталниот кортекс, кои се одговорни за чувството на награда и задоволство. Нивото на нивна стимулација зависи од нивото на уживање кое се постигнува со слушање одредени видови музика. Покрај тоа, музиката го активира и малиот мозок кој влијае на координација на телесните движења при танцувањето. Вашето тело реагира на музиката на природен начин. Ако сте навистина заинтересирани за танцување, моторни региони од вашиот мозок ќе бидат стимулирани на повисоко ниво дури и кога гледате различни танц перформанси. Ова е една од причините зошто чувствувате исполнетост кога гледате танцување изведено со голема вештина.

Мотивација

Доколку уживате и се восхитувате кога гледате други играчи како танцуваат тогаш тоа може да ве мотивира да започнете и вие да танцувате. Кога ќе совладате успешно одредени танц чекори и потези, ќе бидете наградени со одлично чувство на успех.

Танцување е еден вид прогресивна активност, која секогаш ќе ви нуди нови предизвици кои дополнително ќе ве мотивираат да продолжите да практикувате танцување.

Ако навистина сакате да танцувате, тогаш треба да научите одреден стил танц кој е соодветен и одговара на вашата личност, физички способности и цели. Избор на соодветен танц стил е важно, бидејќи тоа гарантира дека ќе практикувате танцување подолг период.

-aвторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-