Третман на спортски повреди со хипербарична терапија (ХБОТ)

0

Во 2006 година фудбалерот Вејн Руни се здобива со фрактура на метатарзалната коска на стапалото. Вниманието на светската јавност насочена кон изборот на третманот.Тимот на лекари одлучува веднаш да се започне со примена на хипербарична кислородна терапија, одлука која ја спаси кариерата на овој професионален спортист.

 

Вдишување на 100% медицински кислород во услови на зголемен притисок, кои се обезбедуваат во хипербарична комора е кратко објаснување за овој тип на терапија. Иако постапката на изведување на третманот е едноставна, самата терапија е моќна во однос на регенераторниот потенцијал кој го потикнува во организмот.

Хипербаричната терапија се спроведува како примарен или дополнителен тераписки избор во третманот на спортски повреди.Во акутната фаза на повредата го намалува отокот, болката,и спречува настанување на инфекција,со што се создаваат услови за побрзо закрепнување и враќање на спортистот во активна фаза. Во околината на повредата,клетките добиваат зголемена концентрација на кислород, со што се спречува процесот на клеточно изумирање и настанување на трајно оштетување на мускулите, лигаментите и тетивите.


Докажано е дека доколку ХБОТ се применува пред интензивни спортски тренинзи и натпревари значајно се намалува ризикот за настанување на спортски повреди.

„Употребата на кислород во услови на зголемен притисок претставува едно од најзначајните откритија во медицината, кое може да се спореди со откривањето на антибиотиците и трансфузијата на крв” – д-р Ј.Х.Јакобсон

Д-р Марија Јакимовска
Д-р Марија Јакимовска е родена 21.03.1986 год. во Скопје. Средно образование завршува во ДСМУ „Д-р Панче Караѓозов“, отсек: Здравствена медицинска сестра. Медицинскиот факултет го завршува во 2011 година. Дополнителни активности: Средно образование: Дел на тим во средношколски проект по наставен предмет психологија, Проект: Влијание на совремниот начин на живот врз психофизичкиот развој на младиот човек; Проект: Болести на зависнот (дрога, алкохолизам); Семинар: Peace Unlimited, делегат-Скопје; PHV семинар, Promotion Human Values, Р.Македонија. Факултетско образование: Институт за трансфузиона медицина на Република Македонија, Оддел за колекционирање на крв, Амбуланта за трансфузиона медицина; Клиника за ургентна медицина и токсикологија; Трговија со луѓе и нелегална миграција - Интернационална организација за миграција, делегат-Скопје, Македонија. Вработена во Специјализиран ХБО2Т-Центар. Обука за управување и одржување на хипербарична комора – Флуид Проект; Семинар од областа на подводна медицина, организиран од нуркачкиот центар, лиценциран SSI - Амфора; Учество на четвртата интернационална школа од областа на хипербарична и подводна медицина организирана од Српската здравствена организација; Едукативни предавања: Хипербарична кислородна терапија во третман на шеќерната болест, одржано во Здружението на дијабетичари на град Скопје. Посебен интерес: Примена на хипербаричната медицина во третман на кардиоваскуларни заболувања; Улогата на хипербаричната медицина во третман на аутизам; Развој на хипербаричната медицина во Р. Македонија. -Одличен тим на млади и амбициозни луѓе чија визија е соодветно информирање од областите на здравиот начин на живот. Статиите кои обработуваат голем број на заболувања, како и дијагностички постапки, се можеби најдобриот начин за подигање на општата здравствена свест. Содржините кои се креативни, разбирливи, интересни ја гарантираат популарноста и развојот на оваа интернет страница. Чест е да се биде дел од овој тим.