Костохондритис и Tицеов синдром

0

Costochondritis

Костохондритис е инфламаторно заболување на ‘рскавицата која што го спојува реброто со градната коска т.е. костостерналниот зглоб.

Етиологија

Точната етилогија на заболувањето не е позната. Можни причини за воспаление на костостерналните зглобови се: физичка траума (пр.вежбање со големи тежини), интензивна кашлица, анкилозирачки спондилитис, ревматоиден артритис, тумор и др.

Симптоми

Градна болка која што се потенцира со кашлање, длабоко вдишување и физичка активност. На палпација се јавува болна осетливост на страната од афектираниот костостернален зглоб.
Најчесто се јавува кај жени на 20-40 год.возраст. Најчесто е зафатена левата страна, на 3, 4 и 5 костостернален зглоб.

Третман

Третманот е насочен кон намалување и отстранување на градната болка која често е вознемирувачка бидејќи е слична со болката при миокарден инфаркт.  Доколку е интензивна го спречува болниот во секојдневните активности. Најчесто се употребуваат : НСАИЛ, acetaminophen, опоидни аналгетици при интензивна болка, вежби за истегнување,  кортикостероидни инекции, хируршки третман.

Syndroma Tietze

Претставува исто така воспаление на ребрената ‘рскавица, но за разлика од костохондритисот се јавува и оток на рскавицата кој што е палпабилен и болно остелив при клинички преглед . Етиологијата е непозната. Болеста е самолимитирачка, најчесто минува по 12 недели.
Често градната болка која што се јавува кај костохондритис може да личи на болка при миокарден инфаркт, па заради тоа пациентот се јавува на лекар. Често болката е пропратена со мачнина и повраќање, анксиозност, страв и препотување. Зато е потребно прво исклучување на можноста за постоечки срцев удар, на пациентот да му се укаже дека при costocondritis нема оштетување на орган, но дека треба да се лекува болката која некогаш може да биде интензивна и да ги оневозможува секојдневните физички активности.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Ирина Беде Спалевиќ
Д-р Ирена Беде Спалевиќ е родена на 06.10.1982 год. во Охрид. Завршува Медицински факултет во Скопје. Покраj медицината интерес има за спортски активности како пливање, аеробик и пилатес. Смета дека редовната физичка активност и здравата исхрана се во најголем процент одговорни за одржување како на физичкото така и на менталното здравје. мото Во здраво тело, здрав дух. Never say never Доктори.мк е супер веб страна на која може да се најдат многу интересни и поучни информации. Ова е добар начин да се информираат луѓето за најчестите проблеми во врска со здравјето, а воедно и да дознаат некои интересни факти и феномени во медицината. :)