Спасете се од незгоди – медикаменти кои треба да ги понесете на одмор

Летото е пероид за уживање, одмор, релаксација и рекреација. Поголемиот дел од денот го поминувате на отворен простор. Но, без разлика каде се наоѓате:на планина, море или езеро треба да бидете внимателни, бидејќи “уживањето”може да биде нарушено од некоја непријатна ситуација.

Во моментот на паника можеби нема да сте во можност да претрчате до најблиската аптека.  Затоа , освен очилата за сонце, костумот за капење, крпата и неколку парчиња гардероба ви препорачуваме и медикаменти кои треба да ги понесете со себе кога сте на одмор или патување!

1. Не заборавајте со себе да ја понесете здравствената легитимација и здравственото осигурување од осигурителната компанија.

2. Доколку секојдневно земате медикаменти, задолжително понесете ги со себе и земајте ја пропишаната доза од терапијата редовно.

 

3. Понесете топломер!

4. Антипиретиците и аналгетиците ќе ви бидат од корист доколку имате висока температура, главоболка, забоболка и  други болки.

5. Понесете антихистаминик кој ќе го употребите доколку имате убоди од комарци или други инсекти или при алергија.

6. Раствор на рехидратациска сол кој ќе ви биде потребен при дијареа, повраќање и при преголемо потење предизвикано од висока температура.

7. Стерилните гази, завои, фластери и спреј најмногу ќе ви помогнат доколку се повредите или изгребете.

8. Заштитете се од сонцето:

Одбегнувајте да се “печете”на сонце во периодот помеѓу 11 и 17 часот кога УВ зрачењето е најсилно. Пред секое изложување на сонце задолжително врз кожата  нанесете  крем, масло или млеко за сончање со повисок заштитен фактор. А потоа, откако ќе се истуширате, на чистата кожа нанесете млеко или лосион за после сончање со што би ја заштитиле кожата од изгореници.

Доколку претерате со сончањто, на кожата нанесете гел или маст против изгореници.

Уживајте во летото и одморот и имајте само убави спомени 😉 Секое добро!

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Кристина И. Стојаноска - Алоска
Д-р Кристина И. Стојаноска Алоска е родена 1984 год. во Охрид. Средно образование завршува во гимназијата “Св. Климент Охридски” , природно - математичка насока, во 2003 год. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2008 год. Учествувала на повеќе конгреси, семинари и работни курсеви од областа на стоматологијата. Професионален ангажман: Работи во Стоматолошката ординација „Д-р Каланоска“ - Охрид Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!