Слива – мултивитамин за срце

За сливата се вели дека е вистински природен мултивитамин. Витамините кои ги содржи ова овошје со ниска енергетска вредност се во сооднос оптимален за човечкиот организам.

 

Сливите се овошје со ниска енергетска вредност која е околу 4 пати помалку од лебот. Нивниот одличен вкус доаѓа од добриот однос на шеќери (пет видови) и овошни киселини. Лековитоста кај сливите доаѓа до израз при заболувања кај бубрезите, гихт, болести на црниот дроб, ревматоиден артрит и др

Нутритивна вредност

Сливите се препорачуваат да се јадат бидејќи содржат комбинација на витамини меѓу кои и Витамин Ц, Витамин Б6, Витамин Е. Ниеден од тие витамини во сливата не се наоѓа во голема количина, но во комбинација се  наоѓаат во сооднос кој е оптимален за организмот. Затоа за сливата се вели дека е вистински природен мултивитамин.

Свежиот плод на сливата е најлековитиот дел. Тој содржи 84% вода, 0,6% белковини, 10% јагленихидрати, 2,1гр растителни влакна, а посебно важно е да се истакне дека содржи високи содржини на пектин поради што е најдобро овошје и природно средство за регулација на варењето. Плодот е богат и со бета каротен, фолна киселина и минералите калциум, фосфор, калиум, магнезиум, натриум, железо, и бакар.  Бакарот меѓу останатите важи за најзаслужниот за добрата работа на срцето и црниот дроб. Покрај другото, сливата содржи и јаболкова киселина.

Денес се познати околу 2000 видови сливи (жолти, зелени, модри и црвени). Најзначајни и најкорисни се сортите Prunus domestica или Европска слива и Prunus salicina или Јапонска слива. 

Совет плус:

Освен свежа, сливата може да се користи и припремена во различни овошни салати, десерти, мармалади, пекмези, сосови, сокови и компоти. Компотот од сливи се користи при запек, бидејќи има доста пектин кој го помага работењето на цревата.

 

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување

Д-р Кристина И. Стојаноска - Алоска
Д-р Кристина И. Стојаноска Алоска е родена 1984 год. во Охрид. Средно образование завршува во гимназијата “Св. Климент Охридски” , природно - математичка насока, во 2003 год. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2008 год. Учествувала на повеќе конгреси, семинари и работни курсеви од областа на стоматологијата. Професионален ангажман: Работи во Стоматолошката ординација „Д-р Каланоска“ - Охрид Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!