Коприва – чудесен лек за пролетно “чистење” на организмот

“Гром во коприви не удира”

Понекогаш во потребата за решавање на нашите здравствени проблеми забораваме на тоа дека природата ни дала се што е потребно за здравјето и дека на дофат на дланка ни се природни и бесплатни лекови. Билката коприва спаѓа во групата најкорисни лековити билки. Кога луѓето би сфатиле колку е корисна и лековита сигурно би саделе само коприви. Сите нејзини делови – стеблото, листот, коренот и цветот имаат лековити својства.

Копривата е најдобра билка за чистење и подобрување на крвната слика. Позитивно делува и на панкреасот, а помага и при снижување на шеќерот во крвта. Лекува воспаленија на уринарните патишта, ја прочистува крвта и ја стимулира работата на цревата. Делува позитивно на кожата и го чисти лицето од акни. Ја дезинфицира усната шуплина и лекува инфекции во устата и гингивата. Затоа се препорачува како дел од пролетното чистење на организмот.

Чајот од коприви се користи при лекување на болести на црниот дроб и жолчката, при пореметување на сонот, кај карцином на слезината, при грчеви во стомакот, чиреви, болести на белите дробови. Благотворен е и кај вирусни и бактериски инфекции. Исто така чајот од коприви е и диуретик.

Доколку имате помало ниво на железо во крвта, и се чувствувате уморни и бескорисни, Ви треба коприва!

 

Содржи многу железо и се користи кај состојба на анемија, за да го зголеми бројот на еритроцитите во крвта. После одредено време конзумирање на коприви или нивниот чај ќе се чувствувате полни со енергија и здравје. Освен железо, содржи и калциум, калиум, фосфор, витамин Ц, провитамин А, хлорофил, флавоноиди, тритерпен и стерол.

Копривата се користи во народната медицина и во козметиката.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или ремитување-

Д-р Кристина И. Стојаноска - Алоска
Д-р Кристина И. Стојаноска Алоска е родена 1984 год. во Охрид. Средно образование завршува во гимназијата “Св. Климент Охридски” , природно - математичка насока, во 2003 год. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2008 год. Учествувала на повеќе конгреси, семинари и работни курсеви од областа на стоматологијата. Професионален ангажман: Работи во Стоматолошката ординација „Д-р Каланоска“ - Охрид Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!