Компот – идеална замена за чај

Компотот претставува традиционален источно-европски безалкохолен чист џус, приготвен од овошје ставено во голема количина на вода.

Компотот во Европа почнал да се приготвува како навика на луѓето уште во 15 век. Тој, исто така, е дел од кулинарската култура на државите во Централна и Источна Европа. Компотот е еден начин на приготвување на овошјето за зимската сезона, со што за некои видови овошје се смета дека делуваат многу свежо.

Може да биде приготвен на различни начини. Понекогаш се прават и експерименти кога е во прашање видот на овошјето, со што може да се комбинираат различни видови овошје. Во зависност од вашиот вкус може да се направи компот од свежо, смрзнато или суво овошје (во текот на зимската сезона) и истиот да се заслади по желба. Овошјето при приготвување на компотот не ги губи своите хранливи материи и вкусот.

Во студените зимски денови идеална замена за чајот е компотот. Уживајте во прекрасниот вкус и топлината која од шолјата со компот се пренесува во вашето тело.

На здравје! 🙂

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување

Др. Кристина И. Стојаноска Алоска е родена во Охрид, 1984 година. Средно образование завршува во родниот крај, во гимназијата „Св. Климент Охридски“, природно- математичка насока, во 2003година. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2008 година. Со работна лиценца за доктор по стоматологија се стекнува по положување на државниот испит во 2009 година. Во соработка со ОО Црвен крст - Охрид издава две брошури поврзани со оралното здравје. По повод Неделата на забоздравствена заштита, во 2014 ја издава Брошурата „ГРИЖА ЗА ЗАБИТЕ“ наменета за најмладите во која се опишани правилата за здрави заби што треба секое дете да ги знае. Следната, 2015 година, за истата цел ја издава брошурата „НАСМЕВКА БЕЗ КАРИЕС“, на малку повисоко ниво, наменета за сите родители и деца, во која се опишани сите нешта поврзани со кариесот и тоа како да се спречи. Во 2017 година издавачката куќа ЕДУКА МАК ја издава нејзината книга со 10 раскази на тема орално здравје, напишани како поезија во проза, со наслов „НАСМЕВКА ЗА ПЕТКА“. Работна пракса како доктор на стоматологија извршува во Стоматолошката ординација "ЕТАДЕНТ" во Охрид, чиј сопственик е од 2019 година. Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!