Киселец – најпопуларен див зеленчук

Киселец или Rumex acetosa е ливадско растение по потекло од Европа, кое расте од мај до јули. Неговото стебло е исправено и избраздено по целата должина и достигнува височина од еден метар. На стеблото наизменично се наоѓаат листови кои се зашилени и имаат многу долги дршки. Врвот од стеблото завршува со црвеникаво обоени цветови. Неговите корени се длабоко развиени во земјата.

Ова растение најчесто расте по влажни ливади и пасишта. Се среќава и покрај потоци и подрачја кои се обрастени со трева. Ливадите поради неговите цветови најчесто добиваат црвена боја.

Во исхраната се користат листовите кои се темно зелено пребоени и сочни и се наоѓаат поблиску до земјата. Најдобро е да се берат кога стеблото не е целосно развиено т.е не се расцутени неговите цветови. Тоа се вика “млад киселец”. Лисјата од киселецот се со кисел (поради што го добило и името ова растение) и освежувачки вкус. Поради ова тој е омилен дел од исхраната на луѓето. За киселецот се вели дека е едно од најпопуларните диви зеленчукови растенија.

Нутритивен состав

Листовите на киселецот содржат витамин Ц и каротен. Во нив има и оксална киселина и затоа не се препорачува честото земање киселец на лицата кои се склони кон создавање камења во бубрезите.

Интересен факт

Во Македонија киселецот најмногу е застапен во преспанскиот крај.

 

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Кристина И. Стојаноска - Алоска
Д-р Кристина И. Стојаноска Алоска е родена 1984 год. во Охрид. Средно образование завршува во гимназијата “Св. Климент Охридски” , природно - математичка насока, во 2003 год. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2008 год. Учествувала на повеќе конгреси, семинари и работни курсеви од областа на стоматологијата. Професионален ангажман: Работи во Стоматолошката ординација „Д-р Каланоска“ - Охрид Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!