Босилек – крал на билките

Босилекот (Octimum sanctum) во многу земји се смета за света билка која се користи во верски обреди. Освен тоа што е препознатлив по прекрасниот мирис, има и многу лековити својства.

Лековитите својства на босилекот

Древните народи сметале дека босилекот позитивно влијае, како врз телото, така и врз духот. Современите испитувања потврдуваат дека босилекот благотворно делува врз психата од луѓето бидејќи има смирувачко дејство и затоа се препорачува како природен лек против стресот и нервната напнатост, настанати од секојдневните грижи и притисоци. Посебно се препорачува за луѓе чија професија бара голем интелектуален напор затоа што придонесува и кон подобро памтење.

Босилекот, исто така, ги спречува и симптомите на настинка, како што се кашлица и болка во градите. Го зголемува апетитот и ја смалува надуеноста во стомакот. Пожелно е да се користи против цревни воспаленија и воспаленија на уринарните патишта. Народната медицина го препорачува босилекот за доилките, за подобро излачување на млекото.

Чајот од босилек, освен што придонесува за подобра општа состојба на организмот, ги смирува и симптомите на главоболка, несоница и мачнина. Го смирува и кашлањето, воспалението на желудникот, цревата и органите за излачување. Понекогаш се користи и за лекување на туберкулоза.

Етеричното масло од босилек делува антибактериски и е добар антиоксиданс.

 

Сокот од свежите листови на босилекот се употребува за испирање на устата и грлото, како и против кожни заболувања и убоди од инсекти. За лекувањето на разни воспаленија во усната празнина потребно е неколку пати во денот да се џвакаат неколку листови од босилек, со што би исчезнал и лошиот здив од устата.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Кристина И. Стојаноска - Алоска
Д-р Кристина И. Стојаноска Алоска е родена 1984 год. во Охрид. Средно образование завршува во гимназијата “Св. Климент Охридски” , природно - математичка насока, во 2003 год. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2008 год. Учествувала на повеќе конгреси, семинари и работни курсеви од областа на стоматологијата. Професионален ангажман: Работи во Стоматолошката ординација „Д-р Каланоска“ - Охрид Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!