7 ПОСТОВИ
Д-р Љубица Миќуновиќ е родена на 18 февруари 1986 година во Охрид. Основно и средно образование завршила во родниот крај. Веднаш по средното образование се запишала на Медицинскиот факултет во Скопје, отсек општа медицина. Дипломирала во јули 2010 со просек 9,65.
Во текот на стажирањето посебно интересирање побудила кон анестезиологијата и интензивното лекување, поради што запишала специјализација по анестезиологија со интензивно лекување.
Активно ги следи новитетите во областа на медицината и учевствува на семинари и конгреси. На 31-виот Интернационален медицински научен конгрес одржан во Охрид 2008година земала учевство со темата: „Pemphigus vs. Carcinoma“.
-Голема чест и привилегија е да се биде дел од тимот на доктори.мк. Многу сум благодарна што ми е укажана можноста со заеднички сили на моите колеги и посетители на оваа веб страна да бидеме чувари на здравјето, да ги откриеме и разјасниме сите заблуди, да презентираме нови научни откритија и со тоа да бидеме побогати со знаење а со тоа и способни за живот. Треба да се води сметка! Овој живот не трае милион години, туку еден ограничен период, па секој ден е мало богатство. Затоа „живеј мудро, живеј здраво“.