Астма

0

Астмата претставува хронично воспаление на дишните патишта кое што се карактеризира со појава на реверзибилен бронхоспазам. Три причини доведуваат до стеснување на луменот на дишните патишта: контракција на бронхијалната мускулатура, инфламација и едем на слузницата на бронхиите и бронхиолите и зголемена секреција на мукозен секрет.

Етиологија

1. Генетска предиспозиција

2. Надворешни фактори:

  • Пушење – пасивно и активно, алергени – домашна прашина, полен, крзно и др.;
  • Респираторни инфекции;
  • Стрес;
  • Ладен воздух;
  • НСАИЛ, бета блокатори.

Симптоми

  • Wheezing – свирење во градите, гушење, недостиг на воздух, кашлица, граден дискомфорт.

Пациентот кој има астматичен напад е вознемирен, уплашен, чувството на глад за воздух го тера да отвара прозорец, седи во постела, забрзано и отежнато е дишењето, а кај потешките астматични епизоди се слуша и свирење во градите и без да се аускултира со стетоскоп.

Дијагноза

  • Клиничка слика, позитивна фамилијарна анамнеза;
  • Лабораториски анализи;
  • Алергиски тестови;
  • Спирометрија;
  • Микробиолошки испитувања на спутум.

Терапија

  • Избегнување на тригер факторите (ако е алергиска природа да се избегне алергенот полен на пр.);
  • Забрана за пушење;
  • Избегнување на ладно;
  • Умерена физичка активност (во консултација со вашиот лекар);
  • Правилна употреба на инхалаторите (многу голем број од пациентите неправилно ги користат спрејовите кои многу им помагаат во олеснување на тегобите);
  • Избегнување на стресот (со помош на активности кои ви прават задоволство -медитација, јога, прошетки во природа и сл.).

 

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-