Алергија на домашна прашина кај децата

0

Алергијата на прашина е развој на алергиска реакција кон мали организми, грињи, кои најчесто живеат во домашната прашина. Знаци за алергија на домашна прашина се слични со оние за поленска треска, како што се кивање и течење на носот. Многу луѓе со алергија на домашна прашина, може да имаат и знаци на астма, како што се свиркаво и отежнато дишење.

Грињите, кои се блиски роднини на крлежите и пајаците, се премногу мали за да се видат без микроскоп. Тие се хранат со отпаднатите клетки од кожата на луѓето, и се присатни во топли и влажни средини. Во повеќето домови, некои места, како постелнина, тапациран мебел и теписи обезбедуваат идеална средина за собирање на домашната прашина.

Со преземање на чекори за намалување на бројот на грињите во домот, може да се добие контрола врз алергијата на домашна прашина. Повремено се потребни лекови или други третмани за ублажување на симптомите и контрола на астмата.

Симптоми

Симптоми, кои се предизвикани од алергиска реакција на ниво на лигавицата на носните шуплини, вклучуваат:

• Кивање
• Течење на носот
• Свраб, црвенило или солзи во очите
• Назална конгестија
• Свраб во носот, на лигавицата на тврдото непце или грлото
• Сливање на секрет
• Кашлица
• Притисок или болка во лицето
• Оток на лицето или халонирани очи
• Кај дете, често чешање на носот

Доколку алергијата на домашна прашина придонесува за развој на астма, може да се јават и проблеми со спиење предизвикани од отежнато дишење, кашлање или свирење во градите како и напади на кашлица или свирење во градите, кои се потенцираат од респираторни вируси, како што се настинка или грип.
Умерен степен на алергија на грињи од прашина може да предизвика повремено течење на носот, солзење на очите и кивање.

Во тешки случаи, состојбата може да стане хронична, т.е. се манифестира со постојано кивање, кашлица, конгестија, притисок на лицето или тежок напад на астма.

Кога да се побара лекарска помош

Понекогаш е тешко да се знае дали имате настинка или алергија. Ако симптомите траат подолго од една недела, може да имате алергија.

Во колку состојбата се влошува со појава на тешка назална конгестија, отежнато дишење или тешко спиење – неопходна е помош од лекар. Итна медицинска помош треба да се побара ако настапи брзо влошување со појава на отежнато дишење или глад за воздух или ако губите здив при минимална активност.

Причини

Алергии се јавуваат кога имунолошкиот систем реагира на туѓа супстанција, како што се полен, миленичиња или грињи. Имунолошкиот систем произведува протеини познати како антитела кои штитат од несакани напаѓачи кои би можеле да направат болест или да предизвикаат инфекција.

Кога постои алергија, имунолошкиот систем прави антитела кои го идентификуваат алергенот како нешто штетно, иако тоа не е. Ако дојде до повторен контакт со алергенот, имунолошкиот систем предизвикува воспалителен одговор во носните ходници или белите дробови. Продолжената или постојана изложеност на алергенот може да предизвика хронично воспаление кое води кон астма.

Грињите се хранат со органска материја, како што се клетките на кожата, кои што отпаѓаат, а вода апсорбираат од атмосферата.

Прашината, исто така, ги содржи фецесот и распаднатите тела на грињите, а тоа се протеините присутни во прашината, и кои се виновни за развој и на алергија кон миленичиња.

Компликации

Ако постои алергија на грињи, изложеноста на грињите и нивните остатоци може да предизвикаат компликации.

· Синусни инфекции: Продолжените (хронични) воспаленија на лигавицата во носните ходници, предизвикани од алергија кон прашина, може да ја попречи дренажата на синусите во носните ходници. Овој застој на секретот, може да предизвика поголема можност за развој на инфекции на синусите (синузитис).

• Астма: Луѓето со астма и алергија на прашина, често имаат потешкотии да ги контролираат симптомите на астмата. Тие можат да бидат изложени на ризик од напади на астма кои бараат итен медицински третман или итна медицинска помош.