Оставете ги цигарите со помош на билки

0

Неколку познати лековити билки можат да Ви помогнат да ги оставите цигарите.

Ако не може да ја заменат вашата волја и решеност, лековитите билки, како жен-шен, кантарион, гујин и др., можат да му помогнат на организмот полесно да ја преброди кризата од одвикнувањето.

Намалете го стресот

Азискиот жен-шен (Panax ginseng) и американскиот жен-шен (Panax quinquefolius) им помагаат на пушачите да го намалат стресот.

Жен-шенот е познат адаптоген и веќе подолго време се употребува како тоник кој помага за подигнување на физичката и менталната активност.

Освен жен-шенот во прав, можете да го користите и коренот од жен-шен (1-2 гр. дневно).

Користејќи го коренот, не само што ќе ја внесете потребната доза на жен-шен, туку ќе обезбедите и алтернатива за цигарите: грицкајте парче корен жен-шен наместо да запалите цигара кога ќе се изнервирате, на пример во сообраќајниот метеж.

Ослободете го организмот од штетни материи

Кога престанувате да пушите цигари, токсините се лачат од ткивата (пр. масно ткиво) каде што биле складирани и потребно е да ги исфрлите од организмот.

Органот кој мора да ги преработи сите тие токсини е црниот дроб.

Екстракт од семето на тревата гујин (Silybum marianum) ја помага функцијата на црниот дроб.

Во стандардните екстракти се наоѓа 70% концентриран силимарин, главен хемиски комплекс од семето на гујин тревата.

Истражувањата покажуваат дека силимаринот ги спречува токсичните хемикалии да навлезат во црниот дроб. Гујин тревата исто така го стимулира капацитетот на црниот дроб да создаде нови клетки и делува како антиоксидант.

Стандардните производи од гујин тревата обезбедуваат внес од 420 мг силимарин дневно (поделен во три дози), а резултатите се видливи после 6-8 недели. Гујин тревата (екстрактот од семето на гујин тревата) нема несакани ефекти.

Направете баланс во расположението

Повеќе од 20 истражувања за кантарионот (Hypericum perforatum) покажуваат дека тој го подобрува расположението во случај на блага до умерена депресија.

Оваа билка може да Ви помогне во олеснување на емотивните проблеми кои настануваат после оставање на цигарите.

Во сите истражувања, испитаниците осетиле значително подобрување во моменти на тага, беспомошност, бескорисност, страв и проблеми со сонот (што се симптоми на депресија). Кантарионот нема значителни несакани ефекти.

дознајте повеќе за авторот

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Дипломиран Нутриционист Родена на 12 јуни 1981 година во Скопје. Спортист во душа, нутриционист на лист хартија и секогаш подготвена за нови предизвици. Искусен поборник за здравиот начин на живот и здравата исхрана како дел од него. Еден од советниците во Клубот за здрав начин на исхрана "New Nutritionism". Препознатлива по насмевката, упорноста и желбата за успех. -Доктори.мк мислам е портал кој ги задоволува повеќето потреби од областа на здравјето, медицината, исхраната... Секоја дилема има одговор токму на Доктори Мк. Темите се во тек со модерните трендови и токму тоа ги тера посетителите да се враќаат на овој портал и неколку пати во денот. Со еден збор Доктори.мк е модерен, забавен и пред се корисен портал достапен за сите.