Статичен велосипед за совршено тело

0

Еден час возење велосипед = Совршено тело

Одличен слоган, нели! Епа вистина е!

 

Возење статичен велосипед

Се работи за возење статичен велосипед во сала или познат уште и како “spinning”. Часот започнува со загревање, што значи велосипедот почнува да се вози со минимална брзина и нулта отпорност. После 5 минути од загревањето секој човек може да го адаптира нивото на отпор кое е прифатливо за него/неа. Наредните 45 минути се викаат главна зона. Овој дел од часот обезбедува одлична вежба за носечките мускули на грбот, мулскулите на нозете и стомакот. Имајќи го во предвид сопствениот кондиционен капацитет и тип на тело, велосипедот се вози со различна брзина, отпор и во различна позиција. Се вози во седната позиција на рамен пат и искачување по рид, станата позиција на рамен пат и искачување по рид, и ритмични скокови. Иструкторот кажува кога да се смени позицијата на возење, кога да се намали отпорот и брзината на возење. Суштината на целиот процес е тоа што, за на време од педесеттина минути нозете постојано ги вртат педалите на велосипедот. Многу е важно постојаното конзумирање вода додека трае возењето. Тренингот завршува со 5 до 10 минути бавно и стабилизирано возење.

Возењето статичен велосипед е физичка активност која се изведува во затворен простор, за време на тренингот се слуша музика, со мотивирачко влијание, која ја регулира инструкторот според ритамот и интензитетот на возењето.

Придобивки од тренингот

Возењето статичен велосипед е високо кондиционен тренинг, кој ја активира срцевата работа и до 80 проценти од својот капацитет, за разлика од 50 до 65 проценти нормална срцева акција. Ова пак ги подобрува сите метаболни функции во телото како што е варењето на храната, трошењето на екцесивните шеќери и слично. Возењето статичен велосипед во траење од 50 минути може да согори нешто помеѓу 800 до 1200 калории на сесија. Воедно е многу добар кардиоваскуларен тренинг и помага во целокупното обликување на телото.

Напомена

Запомнете, телото не може да издржи повеќе од еден час возење велосипед од оваа програма на ден. Овој тип на кондициони вежби се одржува под надзор на професионален инструктор кој што внимателно ја следи работата на сите присутни. Исто така за нормалната работа на срцето и големите крвни садови не е пресудно само регулирањето на телесната тежина, туку и кондиционото одржување на организмот.

И на крај мора да се напомене дека луѓето кои имаат проблеми со колената, остеопороза или имаат проблеми во долниот дел од грбот, не може да го практикуваат овој спорт.

објавено на 2011-04-20