Релаксирачки и безболен третман за нега и подмладување на кожата

0

Кожата претставува граница поставена помеѓу внатрешното јас и светот кој не опкружува. Орган поврзан со допирите и сексуалноста, есенцијална врска за воспоставување на првите контакти помеѓу мајката и детето.

 

Честопати промените на нашата кожа ги опишуваме на начин со кој го истакнуваме нејзиното значење во физичката компонента на убавината. Но, ја согледуваме и поврзaноста на изгледот на кожата со дисбалансот или хармонијата на нашите внатрешни доживувања

Зачувувањето на виталноста на кожата и спротиставувањето на промените кои се резултат на заморот и стареењето се основата на голем број на популарно наречени антиејџинг третмани.

Најголемата холивудска тајна се хипербаричните кислородни третмани (ХБОТ), кои го добија епитетот – фонтана на младоста. Третманите се одвиваат во хипербарични комори, при што се вдишува 100% медицински кислород, во услови на зголемен притисок.

Релксирачки и безбедни овие третмани ја подобруваат циркулацијата на крв во кожата, снабдувајќи ги клетките со дополнителна концентрација на кислород. Ефект на директно спречување на факторот-хипоксија, одговорен за појава на брчки, пигментни дамки и намален тонус на кожата.

Со постигнување на интензивна оксигенација во клетките и елиминација на токсини, кожата станува сјајна и со подобрена текстура. Стимулацијата на супероксид дисмутазата, моќен антиоксидантен ензим, го забавува процесот на стареење на клетките на кожата и организмот во целина. Ефектите кои се постигнуваат се долготрајни и се резултат на зголемена експресија на цитопротективни и антиоксиданти гени.

Хипербаричните кислородни третмани, според индивидуално изработени протоколи, може да се применуваат самостојно или во комбинација со останатите антиејџинг методи.

Комплементарниот ефект на ХБОТ го подобрува успехот, но и ги спречува несаканите ефекти како црвенило, оток, долг период на опоравување, кои се јавуваат по естетските хирушки интервенции и неинвазивни дерматолошки методи. Популарноста на овој тип на терапија се должи на успехот во брзо и безболно постигнување на сјајна кожа со младешки изглед.

Д-р Марија Јакимовска
Д-р Марија Јакимовска е родена 21.03.1986 год. во Скопје. Средно образование завршува во ДСМУ „Д-р Панче Караѓозов“, отсек: Здравствена медицинска сестра. Медицинскиот факултет го завршува во 2011 година. Дополнителни активности: Средно образование: Дел на тим во средношколски проект по наставен предмет психологија, Проект: Влијание на совремниот начин на живот врз психофизичкиот развој на младиот човек; Проект: Болести на зависнот (дрога, алкохолизам); Семинар: Peace Unlimited, делегат-Скопје; PHV семинар, Promotion Human Values, Р.Македонија. Факултетско образование: Институт за трансфузиона медицина на Република Македонија, Оддел за колекционирање на крв, Амбуланта за трансфузиона медицина; Клиника за ургентна медицина и токсикологија; Трговија со луѓе и нелегална миграција - Интернационална организација за миграција, делегат-Скопје, Македонија. Вработена во Специјализиран ХБО2Т-Центар. Обука за управување и одржување на хипербарична комора – Флуид Проект; Семинар од областа на подводна медицина, организиран од нуркачкиот центар, лиценциран SSI - Амфора; Учество на четвртата интернационална школа од областа на хипербарична и подводна медицина организирана од Српската здравствена организација; Едукативни предавања: Хипербарична кислородна терапија во третман на шеќерната болест, одржано во Здружението на дијабетичари на град Скопје. Посебен интерес: Примена на хипербаричната медицина во третман на кардиоваскуларни заболувања; Улогата на хипербаричната медицина во третман на аутизам; Развој на хипербаричната медицина во Р. Македонија. -Одличен тим на млади и амбициозни луѓе чија визија е соодветно информирање од областите на здравиот начин на живот. Статиите кои обработуваат голем број на заболувања, како и дијагностички постапки, се можеби најдобриот начин за подигање на општата здравствена свест. Содржините кои се креативни, разбирливи, интересни ја гарантираат популарноста и развојот на оваа интернет страница. Чест е да се биде дел од овој тим.