Кога бемката е смртоносен украс на телото? – Научете како да ги препознавате опасните бемки

0

Бемките ги има насекаде по нашето тело, и ниту еден орган не е поштеден. Нема човек кој не стравува дека некоја бемка на неговото тело всушност е потенцијален меланом, кој е еден од најсмртоносните и најинвазивните канцери. Денес ќе ви потенцираме неколку работи на кои треба да внимавате кога се во прашање бемките …

 

Не секоја бемка е опасна, најголем процент од нив се целосно безопасни, но постои еден мал процент сомнителни бемки кои можат да бидат потенцијални меланоми. Како да ги препознаеме сомнителните промени на бемката?

 

За она што ќе ви го кажам да биде по сликовито и полесно да го запамниме ќе ги искористам првите шест букви од латинската азбука, кои секогаш треба да ни бидат во главата кога ќе се посомневаме за некоја бемка и веднаш според нив да ја провериме:

  • A – асиметрија. Бемката има неправилен облик
  • B – border. Бемката има остри или запчести рабови
  • C – color. Бемката не е еднакво обоена низ целото нејзино тело има зони на зголемена или намалена пигментација
  • D – дијаметар. Бемката е поголема од 6 мм
  • E – eлевација. Бемката се зголемува, расте во должина или ширина
  • F – Останати промени како крварење, перутење, околно црвенило

Ако бемката која ја имате исполнува некоја од условите по шемата ABCDEF која ја презентирав важно е да не се паничи, бидејќи тоа не значи дека вие со сигурност имате меланом, но уште по важно е да побарате дерматолошки совет, односно преглед. Дерматовенеролозите ќе утврдат дали бемката навистина е ризична и дали има потреба од натамошен хируршки третман или пак не.

Освен ова, мора да ви напоменеме уште неколку работи:

  • Ако се појавува нова бемка која дотогаш не постоела, задолжително побарајте преглед од дерматолог
  • Ако се зголемува или менува бемка што постоела порано, исто така задолжително побарајте преглед од дерматолог
  • Бемките кои ги имате на телото треба да ги проверувате по шемата ABCDEF најмалку еднаш месечно
  • Бемката има еднаков степен за малигнитет било каде на кожата, но постојат критични делови кои треба да се проверуваат поради подложноста на механички трауми и сончеви зраи, како што е делот на лицето, косата, интимната регија и други делови кои се бричат, депилираат или се подложни на некои други физички влијанија.

 

Секоја бемка која исполнува некој од условите на ABCDEF шемата или се сомневате дека е можно да е проблематична побарајте совет од вашиот лекар, тој ќе ве упати на дерматолог, тој ќе одлучи дали е потребно понатамошно лекување.

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Роберт Николовски
E-mail: robima2008@gmail.com Phone: +38978/413-067 Adress: Jane Sansanski 18; K.Palanka Лични информации и образование: Родена: 28.11.1990 година во Крива Палнка Основно образование(1997 -2005), ОУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2005-2009), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2013 година) Уредник на проектот zazdravje.com.mk во период од 2010 до 2013 година Автор на повеќе од 1 000 статии и текстови на домашни и меѓународни портали поврзани со одржување на здравјето Добитник на признание за придонес во здравствената едукација во Република Македонија Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Во текот на средното обрзование добитник на златен медал за најдобар ученик на локален MASSUM огранок како и добитник на прва награда за изработка на web странана и бројни сертификати за најдобро изработена реклама за средното општинско училиште во соработка со USAID невладината организација Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of influenza virus in Municipality of Kumanovo – Nikolovski, R; Markovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Основно познавање на програмси јазици: C++, paskal, JAVA Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа -Во Доктори.мк препознав сајт кој има потенцијал и тим кој во иднина не само што ќе го направи Доктори.мк главен медицински информатор во Македонија, туку и прирачник за сите медицински лица, препознатлив не само во земјава туку и во целиот регион. Горд сум што имам можност да бидам дел од овој тим кој е полн со енергија и спремен да го доближи светот на медицината до секој граѓанин. Му посакувам на порталот како и на целиот негов тим многу успеси и вредна и напорна работа, бидејќи само така може да се дојде до посакуваниот ефект.