Gyrotonic – еден поинаков систем на вежби

0

Oд каде потекнува методата

Киротоник (Gyrotonic) методата на физички вежби била развиена во 1970-тите од страна на Јулио Хорват. Основачот на методологијата Хорват бил пливач и гинмастичар пред да стане балетан. За време на неговата балетска кариера Хорват ја повредил Ахиловата тетива и ‘рбетниот столб, со што бил проморан да ја заврши својата танцова кариера. Тогаш Хорват започнал да ја развива неговата сопствена форма на јога вежби, во обид да ги рехабилитира сопствените повреди. На почетокот оваа метода била наречена јога за танчери која подоцна еволуирала во киротоник и кирокинезис вежби.

 

Придобивки

Киротоник методата вклучува многу клучни принципи од јога, танц, гимнастика и таи чи. Киротоник системот на физички вежби е сеопфатен пристап на движење, кој е дизајниран да ги задоволи потребите на луѓето од сите возрасни категории и со различен степен на физички способности. Некои од придобивките на овие вежби се: зголемена мускулна сила и флексибилност на телото, обновена енергија и виталност, општо чувство на спокојство и благосостојба.

7 елементарни движења

Киротоник методологијата работи на целото тело преку седумте елементарни движења на ‘рбетниот столб: наведнување на напред, на назад, на лево, и на десно, вртење на лево, вртење на десно, и кружно движење. Овој пристап овозможува систематско и синхронизирано работење на зглобовите и мускулите на телото преку ритмички движења. Додека се изведуваат движењата, се внимава на начинот и фреквенцијата на дишење со што се стимулира работата на внатрешните органи. Основниот белег на вежбите се флуидноста на движења и леснотијата со кој една индивидуа може да ги исполни.

Разбудете ги мускулите

Вежбите започнуваат со лесни движења на телото и ’рбетот, тоа се вежби кои имаат цел да ги разбудат мускулите на телото. Потоа фокусот е насочен кон работата на ‘рбетот и карлицата. Поголемиот дел од вежбите се изведуваат во седната позиција на ниски столици. Тоа најчесто се серија вежби со наведнувања, виткање, извртување на ‘рбетот. Главната карактеристика е незапирливото движење и целосната синхронизација на вежбите.
iFrame

Музика и поезија на телото

Вежбите имаат и за цел да ја зголемат издржливост на телото и да го подготват за напорни физички активности. Овој тип на вежби се изведуваат не само во седната позиција туку и во стоечка и лежечка позиција. Оние кои ги практикуваат киротоник и кирокинезис вежбите имаат тенденција да бидат порелаксирани во нивниот секојдневен живот и се движат со зголемена флексибилност и леснотија. Самиот основач на оваа методологија, Јулио Хорват изјавил:

“Сакам музика и поезија во моето тело, и сакам да бидам вешт без да учествувам во борба, вештината мора да дојде без борба”