Витамини, минерали и здрави заби

Витамините А, Б, Ц и Д подеднакво како и минералите калциум, фосфор и флуор имаат голема улога врз здравјето на вашите заби. Во продолжение Ви го претставуваме нивното дејство врз здравјето и изгледот на забите.

Витамини и здрави заби

Недостатокот на Витаминот А особено во текот на развојот на забите е показател дека неговата улога е многу значајна бидејќи овој витамин е важен за обликување на сите забни ткива. Доколку го нема доволно во организмот, доаѓа до оштетување на забните ткива.

Улогата на Витаминот Б се однесува за усната шуплина. Доколку го нема доволно, доаѓа до најразлични промени и заболувања во усната шуплина.

Витаминот Ц подеднакво е важен за убавиот изглед и здравјето на нашите заби. Доколку го нема доволно во организмот, доаѓа до промена на самиот заб исто како и на вилицата после што доаѓа до луксација и паѓање на забот. За да се избегне ваквата несакана ситуација, треба да се води грижа за внесот на овој витамин преку адекватната исхрана која е извор на истиот.  Недостатокот на овој витамин може да биде причина и за крварење на непцата.

 

Витаминот Д има одговорност за калциумот и фосфорот во организмот и е значаен за минерализацијата на коските и забите. Во случај кога го нема доволно во организмот, доаѓа до пореметување и разградување на коските и забите. За да се избегне сето тоа, потребно е повеќе да се консумираат следниве намирници:јајца, лосос, млеко, путер и рибино масло.

Минерали и здрави заби

Калциумот е посебно важен минерал за квалитетни заби. Поради неговиот недостаток забите може да бидат лесно кршливи. За  да се спречи сето тоа, потребно е да се внесува храна која содржи повеќе калциум, а тоа се:млечни производи, жолчка, кељ и темно чоколадо ( во одредени количини).

Флуорот е природен елемент кој ги јакне забите и го спречува нивното расипување. Тој ги зајакнува забите на тој начин што ја забрзува нивната реминерализација,  а со тоа спречува  бактериите да произведат киселина.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Кристина И. Стојаноска - Алоска
Д-р Кристина И. Стојаноска Алоска е родена 1984 год. во Охрид. Средно образование завршува во гимназијата “Св. Климент Охридски” , природно - математичка насока, во 2003 год. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2008 год. Учествувала на повеќе конгреси, семинари и работни курсеви од областа на стоматологијата. Професионален ангажман: Работи во Стоматолошката ординација „Д-р Каланоска“ - Охрид Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!