Митови и вистини за оралното здравје – втор дел

Во продолжение ви го претставуваме вториот дел од најпопуларните митови и вистини поврзани со оралната хигиена.

1. Мит: Доброто орално здравје може да биде наследно

Вистина: Наследниот фактор игра мала улога во врска со доброто орално здравје. Главни фактори секако се правилно одржување на орална хигиена и редовните посети на стоматолог.

2. Мит: Премногу јадење чоколади може да доведе до појава на кариес на забите

Вистина: Не, но доколку не ги измиете забите или барем не ја исплакнете устата секогаш после јадење чоколадо, ризикот за појава на кариес е поголем.

3. Мит: Јадењето премногу топли или премногу ладни јадења може да ги оштети забите.

Вистина: Само редовното консумирање премногу топли и ладни јадења може да биде штетно за вашите заби и забните нерви.

4. Мит: Користењето на чепкалки за заби после оброкот може да го прошири растојанието меѓу забите

Вистина: Употребата на ваквите чепкалки за заби обично не може да има такви ефекти, но мора да бидете многу внимателни додека ги употребувате, бидејќи можете да ја оштетите гингивата и другите меки ткива во устата.

5. Мит: Избелувањето на забите е штетно бидејќи може да ја оштети забната глеѓ

Вистина: Модерните методи за избелување на забите, вклучувајќи го и ласерското избелување, имаат минимално штетно влијание. Сепак, мора да се запамети дека избелувањето на забите неможе да му се препорача секому. Избелувањето не е препорачливо на оние кои имаат чувствителни заби, проблематичен емајл, неразвиено забно ткиво, како ни трудниците и доилките.

6. Мит: Не е штетно да се избелуваат забите со обична сода бикарбона (натриум бикарбонат)

Вистина: Тоа е многу штетно бидејќи сода бикарбоната има многу силни абразивни ефекти. Доколку сакате да ги избелете забите на едноставен начин, користете посебни пасти за заби за избелување. Таквите пасти за заби содржат многу малечки честички кои не им штетет на забите.

7. Мит: Нема потреба да водите грижа за млечните заби бидејќи секако ќе бидат заменети со трајни

Вистина: Тоа е апсолутно погрешно мислење. Пред се, доколку не се грижите за млечните запчиња, тие можат да испаднат пред време и да предизвикаат проблеми со загризот или неправилен развој на трајните заби. Освен тоа, потребо е да се научат децата да се грижат за своите заби уште од раното детство.

8. Мит: Потребно е да ги избегнувате стоматолошките интервенции за време на бременоста

Вистина: Вообичаените стоматолошки прегледи и третмани не мора да се избегнуваат за време на бременоста, но постои поголем број на постапки како што се рентгенско снимање или хирушки стоматолошки интервенции кои не смеат да се применуваат за време на бременоста.
9. Мит: Сите стоматолошки процедури се болни.

Вистина: Повеќе не е така. Современите стоматолошки технологии со помош на различните врсти на анестезии овозможуваат обавување на стоматолошките третмани потполно безболно.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Др. Кристина И. Стојаноска Алоска е родена во Охрид, 1984 година. Средно образование завршува во родниот крај, во гимназијата „Св. Климент Охридски“, природно- математичка насока, во 2003година. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2008 година. Со работна лиценца за доктор по стоматологија се стекнува по положување на државниот испит во 2009 година. Во соработка со ОО Црвен крст - Охрид издава две брошури поврзани со оралното здравје. По повод Неделата на забоздравствена заштита, во 2014 ја издава Брошурата „ГРИЖА ЗА ЗАБИТЕ“ наменета за најмладите во која се опишани правилата за здрави заби што треба секое дете да ги знае. Следната, 2015 година, за истата цел ја издава брошурата „НАСМЕВКА БЕЗ КАРИЕС“, на малку повисоко ниво, наменета за сите родители и деца, во која се опишани сите нешта поврзани со кариесот и тоа како да се спречи. Во 2017 година издавачката куќа ЕДУКА МАК ја издава нејзината книга со 10 раскази на тема орално здравје, напишани како поезија во проза, со наслов „НАСМЕВКА ЗА ПЕТКА“. Работна пракса како доктор на стоматологија извршува во Стоматолошката ординација "ЕТАДЕНТ" во Охрид, чиј сопственик е од 2019 година. Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!