Во продолжение ви го претставуваме вториот дел од најпопуларните митови и вистини поврзани со оралната хигиена.
1. Мит: Доброто орално здравје може да биде наследно
Вистина: Наследниот фактор игра мала улога во врска со доброто орално здравје. Главни фактори секако се правилно одржување на орална хигиена и редовните посети на стоматолог.
2. Мит: Премногу јадење чоколади може да доведе до појава на кариес на забите
Вистина: Не, но доколку не ги измиете забите или барем не ја исплакнете устата секогаш после јадење чоколадо, ризикот за појава на кариес е поголем.
3. Мит: Јадењето премногу топли или премногу ладни јадења може да ги оштети забите.
Вистина: Само редовното консумирање премногу топли и ладни јадења може да биде штетно за вашите заби и забните нерви.
4. Мит: Користењето на чепкалки за заби после оброкот може да го прошири растојанието меѓу забите
Вистина: Употребата на ваквите чепкалки за заби обично не може да има такви ефекти, но мора да бидете многу внимателни додека ги употребувате, бидејќи можете да ја оштетите гингивата и другите меки ткива во устата.
5. Мит: Избелувањето на забите е штетно бидејќи може да ја оштети забната глеѓ
Вистина: Модерните методи за избелување на забите, вклучувајќи го и ласерското избелување, имаат минимално штетно влијание. Сепак, мора да се запамети дека избелувањето на забите неможе да му се препорача секому. Избелувањето не е препорачливо на оние кои имаат чувствителни заби, проблематичен емајл, неразвиено забно ткиво, како ни трудниците и доилките.
6. Мит: Не е штетно да се избелуваат забите со обична сода бикарбона (натриум бикарбонат)
Вистина: Тоа е многу штетно бидејќи сода бикарбоната има многу силни абразивни ефекти. Доколку сакате да ги избелете забите на едноставен начин, користете посебни пасти за заби за избелување. Таквите пасти за заби содржат многу малечки честички кои не им штетет на забите.
7. Мит: Нема потреба да водите грижа за млечните заби бидејќи секако ќе бидат заменети со трајни
Вистина: Тоа е апсолутно погрешно мислење. Пред се, доколку не се грижите за млечните запчиња, тие можат да испаднат пред време и да предизвикаат проблеми со загризот или неправилен развој на трајните заби. Освен тоа, потребо е да се научат децата да се грижат за своите заби уште од раното детство.
8. Мит: Потребно е да ги избегнувате стоматолошките интервенции за време на бременоста
Вистина: Вообичаените стоматолошки прегледи и третмани не мора да се избегнуваат за време на бременоста, но постои поголем број на постапки како што се рентгенско снимање или хирушки стоматолошки интервенции кои не смеат да се применуваат за време на бременоста.
9. Мит: Сите стоматолошки процедури се болни.
Вистина: Повеќе не е така. Современите стоматолошки технологии со помош на различните врсти на анестезии овозможуваат обавување на стоматолошките третмани потполно безболно.
-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-