Лоши навики – чувари на нашето здравје

Модерното време ни носи многу сознанија за тоа што треба да правиме за да бидеме здрави, но сепак, некои лоши навики можат да бидат во наша корист. Редовното консумирање  на разни витамини и минерали не е лошо, но може да се претера со некои состојки во исхраната. Во продолжение Ви претставуваме некои лоши навики за кои се смета дека го чуваат нашето здравје!

Избегнете го утринското вежбање

Кога наместо утрински вежби избирате лежење во кревет, не сте направиле ништо лошо. Раното утринско вежбање може да предизвика пад на имунитетот со што станувате подложни на настинки и вирози. Доколку се чувствувате полошо отколку вообичаено, подобро е да ги избегнете вежбите наутро.

Обилен доручек

Далеку од лоша навика, обилниот доручек дури може да го намали ризикот од болести на срцето. Оние жени кои јадат обилно за време на доручекот и имаат лесна вечера се смета дека губат дупло повеќе килограми. Нивото на триглицериди односно масти во крвта паѓа кај оние кои доручекот не го делат со никого.

Кафе

Кафето е на црната листа на лоши напитоци, но сепак постои една добра причина да не се откажувате од него. Се смета дека жените кои пијат околу 4 шољи кафе дневно се помалку депресивни. Исто така кафето е богато со антиоксиданси и кофеин кој го подига нивото на серотонин и допамин во мозокот кои пак се заслужни за подобро расположение.

Јагленихидрати

Тестенините и компирите се најнеомилените намирници кога во прашање е витката линија, но од друга страна се корисни за здравјето. Важно е да знаете дека температурата на сервирање и малата количина од овие намирници се од големо значење. Ладните тестенини и компири создаваат облик на скроб кој ферментира во цревата и предизвикува производство на масни киселини и добри бактерии.

 

Избегнете го чистењето на домот

Имате грижа на совест што немате волја за да направите “генералка”во домот. И од тоа може да имате здравствена корист. Научниците заклучиле дека некои бактерии како на пример  Е. Coliсо текот на времето развива отпорност на основните состојки кои се наоѓаат во средствата за чистење. Затоа, поголема е веројатноста тоа да се случи доколку постојано го чистите домот и повремено не го менувате средството за чистење.

-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

 

Д-р Кристина И. Стојаноска - Алоска
Д-р Кристина И. Стојаноска Алоска е родена 1984 год. во Охрид. Средно образование завршува во гимназијата “Св. Климент Охридски” , природно - математичка насока, во 2003 год. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2008 год. Учествувала на повеќе конгреси, семинари и работни курсеви од областа на стоматологијата. Професионален ангажман: Работи во Стоматолошката ординација „Д-р Каланоска“ - Охрид Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!