Контактен стоматитис

Контактниот стоматитис се опишува како инфламаторна реакција на оралната мукоза предизвикана од контакт со иританти или алергени. Често минува незабележан поради оскудноста на клиничките зраци кои најчесто се неманифестни, за разлика од субјективните симптоми.

Контактниот стоматитис може да се јави кај луѓе на секоја возраст, но многу е почест кај постарите лица. Нема предилекционен пол, освен за синдромот на вжарена уста, кој е почест кај женската популација.

Симптоми на контактниот стоматитис

Најчести симптоми кои се јавуваат се следниве: чувство на вжареност, болка, парестезија, вкочанетост, лош вкус, преголема саливација и периорално чешање.

Етиологија на контактниот стоматитис

– Состојки од паста за заби, испирачи за уста и чистачи за заби (поретко)

  • Ароматични состојки (хлорхексидин, амониумски состојки)

– Состојки од гума за џвакање

  • Ароматични состојки (ментол)
  • Прополис (голема чувствителност после орална употреба поради неговите антисептички својства)

– Состојки од дентални реставрации

  • Амалгамска пломба пропратена со живини компоненти (45-60%) и често злато, паладиум и платина
  • Дентален цемент што се користи за затварање на пулпиниот канал
  • Акрилни пломби поретко се проблем кај пациентите бидејќи полимеризацијата на смолата се јавува без контакт помеѓу полимеризираните акрилни маси (мономери) и оралната мукоза и крајно полимеризираните акрилати релативно се ослободени од алергени

– Состојки на денталните протези

  • Металните протези можат да бидат ослободени од никелот, посебно заради ефтината изработка или корозијата
  • Никелот исто така е присутен кај денталните протези, мостови и коронки
  • Стоматитис предизвикан од акрилати е реткост, чувствителноста на акрилатот е општ проблем во стоматологијата и стоматолошката технологија

– Топични медикаменти како антибиотици, анестетици, антисептици и стероиди може да предизвикаат осетливост

– Гуми (ортодонтски еластомер, загризни шаблони) може исто така да предизвикаат чувствителност (латекс алергијата не е ретка)

– Храна

  • Храната ретко причинува контактен стоматитис
  • Кај деца со атопичен дерматитис и кои имаат алергија на храна може да се развие контактна уртикарија со црвенило и едем на усните и стоматитис после контакт со храна (особено овошје)

– Состојки како што е прополисот, дериватите на колофониумот, состојки во козметичките препарати, кармини, балсами за уста можат да предизвикаат контактен стоматитис

Диференцијална дијагноза

За конечно да се разреши дилемата на контактен стоматитис потребно е да се направат алерголошки тестирања т.е. patch тест. Диференцијално дијагностички може да се помисли на Lichen planus mucosae oris, хроничен пемфигус и бениген мукозен пемфигоид.

Медицинска грижа

Есенцијално важно е навремено да се острани причинителот на контактниот стоматитис. Поретко се потребни системски стероиди. Во едноставни случаи се забранети интраорални топични орални стероиди. Привремено олеснување на симптомите овозможува цицање на коцка мраз.

Диета

Да се советуваат пациентите дека треба да избегнуваат зачинета храна. Да им се дадат инструкции за да одбегнуваат пијалоци и гуми за џвакање во случај на алергија на состојки за вкус.

Терапија

Топичните стероиди се терапија од прв ред. Расположливите средства содржат топичен гел, крем, паста, спреј, масти и испирачи. Генерално, основните упатства за администрирање и употреба можат да се најдат во стандардните фармаколошки референци.

Кортикостероидите се состојки кои имаат антиинфламаторен состав и длабок и разновиден метаболичен ефект. Кортикостероидите ја помагаат телесната имуна реакција за друг стимул.

 

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување

Д-р Кристина И. Стојаноска - Алоска
Д-р Кристина И. Стојаноска Алоска е родена 1984 год. во Охрид. Средно образование завршува во гимназијата “Св. Климент Охридски” , природно - математичка насока, во 2003 год. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2008 год. Учествувала на повеќе конгреси, семинари и работни курсеви од областа на стоматологијата. Професионален ангажман: Работи во Стоматолошката ординација „Д-р Каланоска“ - Охрид Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!