Децата имаат потреба од музика

0
Pregnant woman with head phones on her stomach

Неодамнешните истражувања покажуваат дека децата кои биле изложени на класична музика во текот на бременоста, имале позитивни промени во физичкиот и психичкиот развој по раѓањето.

 

Во експериментот, фетуси биле изложени на 70 часа класична музика во текот на последната недела од бременоста. Истите бебиња на возраст од шест месеци покажале подобри моторички, лингвистички и интелектуален развој во однос на бебињата кои не биле музички стимулирани пред раѓањето.

Новороденчињата имаат една милијарда нервни клетки по раѓањето, но меѓусебната поврзаност меѓу нив е слаба и нестабилна во почетокот. Секој настан кој бебето го доживува, секоја визуелна или звучна стимулација, доведуваат до воспоставување и зајакнување на меѓуклеточните врски во мозокот. При слушањето на гласот на мајката и најблиските, гледањето на различни слики на околината, допирот, обидот да се дофати некој предмет, се активираат нервните импулси, со што се зголемува мозочната активност.

Колку е поголем бројот на врски во мозокот, толку е подобра неговата функција. Нервните патишта кои не се користат изумираат. Затоа научниците тврдат дека и најраните искуства кај новороденчињата влијаат врз обликувањето на мозокот и го одредуваат неговиот потенцијал како возрасна личност. Слушањето и проучувањето на музиката имаат докажано позитивен ефект во наградбата на мозокот.

Музиката, особено позитивно влјание врз креативноста, меморијата, просторното разбирање, математичките вештини, учењето на јазикот и емотивната стабилност.

Звукот се движи со бранови должини со одредена фреквенција. Некои научници докажуваат дека звучните бранови поволно влијаат врз ткивата и органите. Според нив музиката влијае на процесите кои се одвиваат во телото кога се апсорбира енергија од звучниот бран и благопријатно делува врз крвниот притисок и мускулната напнатост.

Едноставно музиката е неопходна за децата, а и за возрасните. Затоа почесто слушајте убава и пријатна музика и нека денот ви поминува со убава песна. Секогаш трудете се и вашите деца да ги научите да слушаат квалитетна и убава мелодија.

Д-р Катерина Дамевска
Д-р Катерина Дамевска е родена на 13.08.1984 во Скопје. Средно образование завршува во ДСМУ д-р Панче Караѓозов, отсек медицинска сестра. Во 2011 година дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје и се здобива со звање доктор по општа медицина. Има учествувано на повеќе стручни семинари и предавања и активно ги следи новостите од областа на медицината. Одлично ги познава англискиот и албанскиот јазик, а има и познавања од францускиот и шпанскиот јазик. Нејзиното мото е: "Животот е огледало ако му се насмевнеш ќе ти се насмее, а ако му се намуртиш ќе ти се намурти. Затоа смејте се и не заборавајте дека смеењето е половина здравје." Oгрoмна чест и задоволство ми преставува да бидам дел од тимот на Доктори мк. Ова е одличен сајт кој овозможува добра едукација на пациентите во различни области на медицината. Информациите се прикажани на еден едноставен, забавен и сликовит начин близок за разбирање на сите категории на пациенти. Пред се големо браво за професионалниот техничко-уреднички тим полн со ентузијазам и совршени идеи, и кој не обедини на еден интересен начин.