Превентива и третман на уринарни инфекции со пробиотици и Д маноза

0

Уринарните инфекции се манифестираат како воспаление на: уретрата (уретритис) , мочниот меур (цистит), и на бубрегот( пиелонефритис ). На секој човек во одрeден период од животот може да му се случи појава на уринарна инфекција, а одредени состојби и болести како дијабетес, мултипла склероза и Паркинсонова болест може да бидат ризик фактори за појава на вакви инфекции.

Најчест предизвикувач на уринарни инфекции е бактеријата Escherichia coli која живее во гастроинтестиналниот тракт. Други бактерии кои  предизвикуваат инфекција се стафилококи, протеус, клебсиела, ентерокок и псеудомонас. Одредени инфекции на мочниот меур може да бидат поврзани и со предизвикувачите на сексуално преносливите болести хламидија и микоплазма.

Уринарните инфекции на мочните канали и на мочниот меур се непријатна и болна појава која многу почесто ги засега жените. Ако циститисот не се лечи соодветно Е.coli преку мочоводот може стигне до бубрегот и да предизвика воспаление на бубрезите (пиелонефритис). Се смета дека секоја петта жена се соочува со уринарна инфекција во одреден период од својот живот.

Главната причина за тоа е женската анатомија, односно малото растојание помеѓу аналниот отвор и уретрата, коешто го олеснува преминувањето на бактерии (најчесто Escherichia coli) кон уринарниот тракт.Исто така, кај жените мочниот канал е многу пократок за разлика од мажите.

Најчести симптоми на инфекција на мочните канали се:

• Болка при мокрење кое оди доста тешко (честопати пациентите велат “само неколку капки”).

• Печење при мокрење, неколку капки крв се појавуваат на крајот на мокрењето.

• Болка или грчеви во долниот дел на стомакот веднаш над срамната коска.

• Температурата на телото обично не е покачена, и ако е, обично не надминува 37,5 ˚C.

• При преглед на пациентот најчесто има само блага чувствителност во долниот дел на абдоменот и тоа во централниот дел

• Течење на урина (уринарна инконтиненција)

• Болка или чувство на печење дури и кога не мокрите

• Матна, темна моч, понекогаш дури со боја која потсетува на млеко

• Јак или непријатен мирис на урината

• Се чувствувате болно, исцрпено или имате треска

• Болка за време на сексуален однос

• Болка во пенисот (кај мажи)
Симптомите на уринарна инфекција кај децата се слични:

• Температура без респираторни симптоми кај доенчиња, детето е иритабилно и општата состојба е афектирана.

• Слабо напредување во телесна тежина, повраќање, често плачење или слаб апетит кај доенчето.

• Симптомите кај постари деца вклучуваат често мокрење, новозапочната енуреза, дизурија и стомачна болка по празнење на меурот.

• Родителот забележува дека урината мириса непријатно

Со оглед на тоа дека рецидивот на уринарните инфекции е честа појава, а нивниот несоодветен третман може да предизвика сериози компликации на уринарниот систем, превенцијата е од клучно значење и за децата и за возрасните. Добрата вест е што тоа можеме да го направиме со потполно природни препарати и честопати да ги избегнеме антибиотиците.

Д-Маноза-број 1 природен агенс во третманот на уринарни инфекции

Д-маноза е едноставна молекула на шеќер што се среќава во растенија како што се боровинки, брусници, праски, портокали и јаболка, и кој 30 години се користи како природен препарат за отстранување на E.Coli од уринарниот тракт.Токму благодарение на Д-манозата, брусницата е ефикасна во лекувањето на уринарни инфекции. Оваа состојка сега е извлечена од растенијата и во доза од 2 грама (во додатокот во исхрана UriRoyal) е доволна да со E. coli бактериите формира коагрегати кои потоа се ослободуваат од телото со мокрење. Ефектот на Д-маноза е 10 до 50 пати посилен од сок од брусница.

Д-манозата е апсолутно безопасна и може да ја користат бремените жени, децата и дијабетичарите. Овој ефект уште повеќе се засилува и се надополнува со пробиотската габа Saccharomyces boulardii. Таа директно го инхибира растот на патогените и ја зголемува концентрацијата на IgA (противвоспалително дејство). Таа има леплива надворешна обвивка на која се прикачуваат E. Coli бактериите и на тој начин помага да се отстрани од телото. Со неутрализирање на E. coli во цревата, ја намалува популацијата на таа бактерија во телото и го спречува нејзиното ширење во уринарниот тракт. Препорачана доза на Д-Маноза е 2 гр. на ден да се испие со чаша вода,најмалку седум дена по ред.