Бoжиќ е голем православен празник кој го празнуваат сите христијани и католици ширум светот. Во секоја држава постојат посебни обичаи со кои се празнува овој празник. Во продолжение Ви претставуваме неколку легенди за настанувањето на Божиќните симболи во некои држави.
Македонија – Дабови гранчиња
Кај старите многубожци постоел Бог кој го викале Бадник. Кога го примиле Христијанството, пред раѓањето на новиот Бог, Македонците стариот Бог – Бадник ( чија статуа била направена од дрво) ја фрлиле во оган. Овој обичај се повторува и ден денес секоја вечер пред Божиќ. Христијаните во Македонија на Бадниковата вечер палат огнови со дабови гранчиња кои уште ги нарекуваат бадникови гранчиња.
Мексико – Цвет
Легендата за овој божиќен симбол потекнува уште од 16 век. Едно девојче од сиромашно семејство немало пари да и купи подарок за Божиќ на својата мајка. Тоа набрало трева покрај патот и ја ставило пред црковниот олтар. Од тревата никнале црвени цветови кои ги нарекле божиќни ѕвезди. Одтогаш ваквите цветови се сметаат за божиќен симбол во Мексико.
Чешка – Чевел
Легендата вели дека во Чешка, на Бадниковата вечер немажените девојки изведуваат ритуал за да дознаат дали ќе се омажат наредната година. Свртени со грбот према влезната врата, фрлаат чевел наназад преку нивните рамена. Доколку чевелот падне свртен према надвор, значи дека ќе се омажат, а доколку е свртен према вратата, девојката ќе остане немажена.
Етиопија – Чадор
На Бадник, христијанските свештеници водат поворка низ градот притоа со себе носат чадори. Тие застануваат во некоја црква каде се изведува Божиќна литургија.
Австралија – Кенгур
Легендата вели дека во Австралија санката од Дедо Мраз ја влечат шест бели кенгури. Тука се одмараат ирвасите, а кенгурите им носат подароци на децата ширум земјата.
Норвешка – Метла
Според една норвешка легенда, на Бадник злите духови и вештерките излегуваат во потрага по метли. Од тие причини луѓето ги кријат метлите и на Божиќ не може да се забележи ниту една метла во дворот околу куќата.
ЗА МНОГУ ГОДИНИ, ХРИСТОС СЕ РОДИ!
-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-