Зошто вашите заби се расипуваат?

0

Забите се расипуваат, така што бактериите навлегуваат во устата, испуштаат кисилени, кои навлегуваат во забите, што доведува до оштетување, односно, вдлабнатина во забот наречена празнина. Ако не се третира тоа оштетување предизвикува болка, инфекција и на крајот губење на забот. Забот се состои од 3 слоеви: надворешниот слој кој е воедно и најтврд се нарекува глеѓ, средниот слој е дентин, а централниот дел на забот е пулпата, која содржи нервни и крвни садови. Повеќето слоеви се погодени од распаѓањето, кое започнува од надворешниот слој према внатрешноста.

Бактериите и храната предизвикуваат расипување на забите. Лепливата супстанца која се создава се вика дентален плак и секогаш се формира на забите и гингивата. Денталниот плак содржи бактерии кои заедно со шеќерите од храната доведуваат до оштетување на забите. Бидејќи бактериите се хранат, произведуваат киселини. Киселините го напаѓаат забот и со текот на времето овие киселини ја уништуваат забната глеѓ, предизвикувајќи негово расипување.

Други причинители кои имаат голема веројатност да доведат до расипување на забите се:

  • Нередовно четкање на забите, избегавање употреба на забен конец и стоматолошки прегледи кои се исто нередовни.
  • Храната која е богата со јаглени хидрати, кои потпомагаат во исхраната на бактериите присутни во вашата уста.
  • Недоволно внесување на флуориди. Флуоридите помагаат да се спречи расипувањето на забите.
  • Намалено лачење на плунковните жлезди. Плунката ги мие забите од храната и штетните шеќери, па тоа е на некој начин и заштита на забите од расипување.
  • Доколку е присутен дијабетес.
  • Пушење тутун или пасивно пушење.

Кај децата, чии заби се уште растат имаат поголема веројатност за расипување на забите од возрасните. Тоа е затоа што минералите во нивните заби не се многу силни и тоа е многу полесно за разорување од страна на киселините.

Дури и бебињата имаат ризик од расипување на забите, а тоа е од шеќерите во млекото, сокот, бактерии кои можат да се пренесат од возрасните преку лажици, вилушки или други прибор кои го делат. Расипувањето на забите обично не предизвикува симптоми додека е присутна празнина или забот е инфициран, освен забоболка која е најчесто издржлива, па затоа и се занемарува. Освен забоболка, можно е да се присутни оток на гингивата во близина на заболениот заб, лош здив, бела, сива, кафеава или црна дамка на забот.

Доколку имате забоболка веднаш посетете го вашиот стоматолог, затоа што болката со текот на времето може да исчезне, но расипувањето на забот продолжува. Затоа е потребно таа болка да биде третирана и да ги зачувате вашите заби.

Повеќе за д-р Елена Мојсовска >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Елена Јевтиќ е родена во 1988г во Битола. Средното образование го завршува во гимназијата „Јосип Броз - Тито" - Битола, природно-математичка насока во 2007г. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Нови Сад, Панчево во Јули 2013г. -Доктори.мк претставува место каде што можете да дознаете многу повеќе за Вашето здравје, неговата првенцијата и тераписките модалитети од стручен тим на соработници. Особено задоволство е да бидете дел од еден таков тим на успешни и докажани здравствени лица.