Тризмус – ограничено отворање на устата

0

Тризмусот се дефинира како неможност да се отвори устата целосно. Тоа би можело да се случи за време, веднаш, па дури и години по стоматолошката интерваниција, како резултат на траума, операција, зрачење или проблеми со темпоромандибуларниот зглоб, ова се фактори на ризик поврзани со тризмусот од страна на стоматолошката пракса. Предизвикува ситни до сериозни здравствени ефекти, како што се: исхраната – недостаток поради тешката мастикација, тешкотии при голтањето кај пациентите кои примале радиотерапија на главата и вратот, компромитирана орална хигиена, која резултира со дентален кариес или посериозни проблеми.

Покрај здравствените, може да предизвика и негативни ефекти врз квалитеот на самиот живот на пациентот, намалувајќи ја способноста за комуникација, намалување на вокалните квалитети, кои се последица на намалувањето на усната шуплина. Етиологијата на тризмусот варира. Некои етиолошки причинители се надвор од контрола на стоматолозите: траума – повреда на лицето и вилицата, проблеми со зглобот на вилицата – темпоромандибуларниот зглоб, тумори во виличната област, бруксизам…, но оние кои се тесно поврзани со нив се:

Локална анестезија

Доколку се аплицира анестетикот повеќе пати во истата област. Потоа спазам на мастикаторните мускули, како резултат на вметнување на иглата во или преку еден од нив, од кои најчесто извор на тризмус еm. pterigoideus medialis.

Крварење

Тоа е уште една причина за тризмус. Големи количини на изливање на васкуларните садови, може да предизвика иритација на ткивото, што доведува до мускулна дисфункција.

Екстракција

За време на екстракцијата доколку се оштетат нервите, некои од мускулите, особено кога се врши екстракција на 3 молар во долната вилица, тоа е потенцијална причина за појава на тризмус.

Третманот за лекување зависи од причината за тризмусот. Сепак неминовно е да се направат одредени снимања за да се дефинира причинителот, како што се: панорамски х – зраци, магнетна резонанца или компјутеризирана томографија, кои ќе помогнат во дефинирањето и на дијагнозата и на терапијата. И тоа колку временски може да трае тризмусот, исто така зависи од самиот причинител. Одложување на овај проблем може да ја влоши состојбата и да го направи лекувањето потешко.

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Елена Јевтиќ
Д-р Елена Јевтиќ е родена во 1988г во Битола. Средното образование го завршува во гимназијата „Јосип Броз - Тито" - Битола, природно-математичка насока во 2007г. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Нови Сад, Панчево во Јули 2013г. -Доктори.мк претставува место каде што можете да дознаете многу повеќе за Вашето здравје, неговата првенцијата и тераписките модалитети од стручен тим на соработници. Особено задоволство е да бидете дел од еден таков тим на успешни и докажани здравствени лица.