Развој на забите кај вашето дете

0

Развојот на млечните заби започнува кога бебето е во матката. На околу пет недели од бременоста, првите пупки на млечните заби се појавуваат во вилицаата на бебето. При раѓањето, бебето има полно множество од 20 заби – Примарна Дентиција (10 заби во горната вилица, 10 во долната вилица) скриени во гингивата.

Сите родители со нетрпение го очекуваат никнувањето на првото запче кај своето бебе. Првиот заб може да се очекува меѓу шестиот и осмиот месец од животот, а кај некои бебиња и пред тоа. Израстувањето на забите кај некои деца е сосема лесно, додека кај некои може да биде пратено со појава на висока температура, мека столица или пролив и немир. Сите деца имаат во овој период зголемена саливација – прекумерено лачење на плунката. Понекогаш, покрај изникнувањето на забот, доаѓа до воспаление на гингивата кај некои деца. Во овој случај, се препорачува да се во премачкува гингивата со чај од камилица, жалфија или 3% хидроген. Денес на пазарот постојат неколку видови орални гелови кои се користат за смирување на воспалените непца, и претставуваат локални анестетици (Dentinox).

Пожелно е за детето за време на почетниот стадиум да си игра со играчки потврди који може да ги грицка или да ги шмука. Кај бебето ке израстат прво долните средни забчиња, значи долните единици , па двете горни единици. Во првата година од животот генерално никнуваат осум секачи. Двете предни едници (централните секачи ) на долната вилица обично први еруптираат . Ова се случува некаде меѓу 6 и 10 месец. Двете предни единици (централните секачи ) во горната вилица еруптираат на возраст меѓу 8 и 13 месец. Латералните секачи , кои се заби на двете страни до централните секачи еруптираат во двете вилици на возраст меѓу 8 и 16 месец.Долниот сет заби има тенденција да еруптира пред горниот сет. Првиот сет на горните и долните катници еруптира на возраст меѓу 13 и 19 месец. Кучешките заби или ‘очњаци’ се јавуваат на возраст меѓу 16 и 23 месец. Вториот сет на горните и долните катници еруптира помеѓу 25 и 33 месец.

Генерално, просечното дете има полно множество од 20 бебешките заби на возраст од три години. Кога бебињата се на возраст околу шест месеци , нивото на антитела пренесено од мајката почнува да опаѓа , така што се менува нивниот имунолошки систем. Заедно со тенденцијата бебоњата да ставаат се што ке дофатат во својата уста , тоа ги прави повеќе склони кон болести. Симптомите на заеднички детски болести , како што се промени во исхрана и спиење,осетливост , осип, течење на носот и дијареа се често погрешно поврзани со никнувањето на забите. Ако вашето дете ги има овие симптоми, проверете која е вистинската причина, затоа што овие симптоми се можни причини за бактериски и вирусни инфекции. Изникнувањето на забите трае околу осум дена , што вклучува четири – пет дена пред и три дена откако ке се поајви запчето.


Некои совети за смирување болки на гингивата вклучуваат:
Масажа – масажа нежно со чиста, изгорена гума со вашите прсти или мека, влажна крпа.
Лекови против болки – парацетамол е ефикасен за децата. Ибупрофенот може да биде ефективен, но често предизвикува негативни реакции кај децата.

Повеќе за д-р Елена Мојсовска >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Елена Јевтиќ
Д-р Елена Јевтиќ е родена во 1988г во Битола. Средното образование го завршува во гимназијата „Јосип Броз - Тито" - Битола, природно-математичка насока во 2007г. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Нови Сад, Панчево во Јули 2013г. -Доктори.мк претставува место каде што можете да дознаете многу повеќе за Вашето здравје, неговата првенцијата и тераписките модалитети од стручен тим на соработници. Особено задоволство е да бидете дел од еден таков тим на успешни и докажани здравствени лица.