Појава на болка после стоматолошки интервенции

0

Повеќето пациенти бараат помош кај својот стоматолог кога ќе се појави забоболка. Очекуваната помош многумина не се подготвени да ја прифатат преку можноста за долготраен третман на болката по извршената дентална интервенција. Во оваа статија запознаете се со најчестите компликации, кои ја предизвикуваат непријатната болка.

Болка после отстранување на нерв (ендодонтски третман)

Ендодонтскиот третман е една од најпредизвикувачките процедури во стоматологијата и вклучува долготрајно обновување на забите – бактериските процеси кои доведуваат до тешки воспаленија во усната празнина. Во зависност од видот на промената, стоматологот ќе го утврди начинот на кој ќе се третира забот. Ако третманот е завршен на коренскиот канал или каналот е наполнет, многу често пациентот доживува болка при загризување на забот кој бил третиран. Болката ќе престане по неколку дена, потребно е да се избегне контакт со третираниот заб со цел да се намали инциденцата на болка.

Болка после ставање на лек

Покрај ендодонтското лечење (анестезија, вадење нерв, полнење) постои и друг вид на третман. Да би се мумифицирала (умртвила) пулпата (нервот) се применува препарат пара-формалдехид (лек). Самиот лек во себе содржи додатоци на анестезија, но често, заради процесот на мумификација пулпата реагира со непријатна болка. Најдобро е да се земе аналгетик за олеснување на болката, но ако се зголемува треба да се јавите кај вашиот стоматолог да ја промени терапијата.

 

Болка после вадење на заби

Ако раната после вадењето на забот боли, прво внимателно размислете дали сте сигурни дека сте ги следеле сите инструкции упатени од вашиот стоматолог. Многу е важно да не се јаде топла храна или топли напитоци, да се избегнуваат газирани пијалоци и пушење цигари. После екстракцијата, организмот во раната ќе создаде згрутчување на крвта и на крајот обновување на коската, но ако на било кој начин се оневозможи згрутчување на крвта може да доведе до т.н. “сува алвеола”. Многу непријатна болка која не може да биде покриена со аналгетици, бара помош од вашиот стоматолог, кој повторно ќе ја отвори раната и ќе стави локален лек за нејзино ублажување. Затоа е многу важно да се придржувате на инструкциите добиени после екстракцијата.

Болка после реставрации (пломби)

Откако вашиот стоматолог ќе стави амалгамски пломби, возможно е да се појави болно чувство. Причината за ова е тоа што таквите пломби треба да се заштитат со цементна подлога. Некои цементи во себе имаат кисела течна фаза и тоа неколку дена може да предизвикува непријатно чувство на досадна болка. Но за неколку дена болката целосно ќе исчезне.

Болка на местото на убод од анестезија

Оваа болка е секојдневна појава и нормална реакција на местото на кое се извршила апликација на анестезија. Се должи на механиката на инјектирање на анестезијата која се проширува низ ткивото во областа каде што анестетикот се инјектира. По неколку дена болката спонтано се губи.

Насмевката може да ги пробие сите бариери, но да би била вистински неодолива неопходни се здрави и негувани заби. Затоа доколку вашата орална хигиена биде на завидно ниво, тоа е одличен предуслов за насмевка која долго се памети!

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Елена Мојсовска
Д-р Елена Мојсовска е родена во 1988г во Битола. Средното образование го завршува во гимназијата „Јосип Броз - Тито" - Битола, природно-математичка насока во 2007г. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Нови Сад, Панчево во Јули 2013г. Доктори.мк претставува место каде што можете да дознаете многу повеќе за Вашето здравје, неговата првенцијата и тераписките модалитети од стручен тим на соработници. Особено задоволство е да бидете дел од еден таков тим на успешни и докажани здравствени лица.