Никако немате време за посета на вашиот стоматолог?

0

Никако немате време за посета на вашиот стоматолог? Сигурно ќе отидете, но само претходно да завршите некои “важни” обврски …

Вистината е дека ќе ги завршите и оние кои се важни и оние помалку важни задачи, но и после тоа нема да успеете да закажете преглед на стоматолог! Запомнете дека треба што подолго да ги зачувате вашите заби. Ни една протетска надокнада не е иста како и вашите заби! Околу 50% од возрасната популација страда од некој степен на стоматолошки страв, што го прави еден од најчестите стравови. Во најостра форма може да предизвика екстремен стрес и да доведе до ситуација каде што луѓето ќе избегнат посета на стоматолог. Ако се наежите секогаш кога ќе помислите на стоматолог, за почеток имајте на ум дека во вашата усна шуплина има повеќе бактерии отколку на планетата Земја што има жители. Бактериите се поделени во 500 различни видови организми (бактерии, габи и вируси) и се сместени на различни места во вашата уста – помеѓу забите, под јазикот, на непцата. Препорачливо е да се оди најмалку двапати годишно, ако не и повеќе на контрола.

Па вашиот стоматолог на време ќе може да ги идентификува и спречи проблемите во раните фази кога тие се лесни да се решат пред да станат поголема непријатност. Размислете за она што вреди повеќе: редовни прегледи и мали безболни процедури или да чекате да имате непријатни забоболки.

Откријте како вашиот стоматолошки проблем да го претворите во чувство на среќа!

Повеќе за д-р Елена Мојсовска >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Елена Јевтиќ
Д-р Елена Јевтиќ е родена во 1988г во Битола. Средното образование го завршува во гимназијата „Јосип Броз - Тито" - Битола, природно-математичка насока во 2007г. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Нови Сад, Панчево во Јули 2013г. -Доктори.мк претставува место каде што можете да дознаете многу повеќе за Вашето здравје, неговата првенцијата и тераписките модалитети од стручен тим на соработници. Особено задоволство е да бидете дел од еден таков тим на успешни и докажани здравствени лица.