Храна која ja враќа блескавaта насмевка

0
6

Иако знаеме дека премногу шеќери се штетни за оралното здравје, дали постои храна која е добра за нашите заби и непца? Тука е изненадувачка листата на храна и билки кои ги штитат забите и го намалуваат лошиот здив.

Јаболко

Бавното џвакањето јаболка ги чисти вашите заби и ги уништува штетните бактерии во устата. Благодарение на калциумот и фосфорот јаболкото има позитивен ефект врз градбата на коските и забите, а како е богато со флуор спречува расипувањето на забите и ги зајакнува и штити непцата.

Јогурт

Јогурт без додаден шеќер, исто така, го намалува бројот на бактерии кои предизвикуваат лош здив, расипување на забите и заболување на непцата. Волонтери кои служеле јогурт секој ден 6 месеци добиле резултатите кои покажале дека нивото на водород сулфид која е главната причина за лош здив, е намалена за 80 проценти. Исто така, јогуртот го намалува и нивото на денталниот плак и појавата на гингивитис.


Сирење, пилешко месо, ореви

Сирење, пилешко и ореви обезбедуваат калциум и фосфор. Тоа се елементи кои се потребни за ре-чување на минералите во забната глеѓ, кои биле оштетени од киселина. Ние сите знаеме дека млекото е добро за забите, а тоа е така затоа што млекото обезбедува калциум кој ја промовира реминерализацијата.

Чај

Чајот, особено црниот чај, е екстремно корисен во борбата против бактериите кои предизвикуваат плак. Чајот ја ограничува можноста на ензимите кои конвертираат шеќер во лепливиот филм кој овозможува развој на плакот на забите. Тој, исто така ги спречува бактериите да се акумулираат, врши намалување на износот на таложење на денталниот плак. Истражувањата покажаа дека пиењето чај помага во превенцијата од најчестите човечки болести, кариес и пародонтоза.

Цимет

Етерични масла добиени од цимет можат да ги уништат бактериите. Пеперминт и рузмарин се популарни за прикривање на лошио здив, но циметот ги уништува оралните бактерии кои произведуваат хидроген сулфид (расипано јајце мирис). Добри резултати се постигнуваат со цимет за џвакање. Тестовите покажуваат како тој уништува 50 проценти од сите орални бактерии и 40 отсто од оние кои предизвикуваат лош здив. Истата намена е кориснa и со чај од цимет.

Повеќе за д-р Елена Мојсовска >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Елена Мојсовска
Д-р Елена Мојсовска е родена во 1988г во Битола. Средното образование го завршува во гимназијата „Јосип Броз - Тито" - Битола, природно-математичка насока во 2007г. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Нови Сад, Панчево во Јули 2013г. Доктори.мк претставува место каде што можете да дознаете многу повеќе за Вашето здравје, неговата првенцијата и тераписките модалитети од стручен тим на соработници. Особено задоволство е да бидете дел од еден таков тим на успешни и докажани здравствени лица.