Заби на мудроста
Умниците се горни и долни, трети по ред молари, последните заби во вилицата. Се нарекуваат умници заради тоа што се појавуваат во периодот измеѓу 17 и 25 година, кога особата созрева, станува “умна и мудра”.
Нивното никнување не ретко е проследено со тегоби, најчесто заради отсуствотo на место во вилицата. Кај некои особи овие заби може никогаш да не никнат. Значи, големината на вилицата и начинот на кој никнуваат умниците се главни фактори од кои ќе зависи дали ќе настанат проблеми при нивното појавување. Ако нема доволно простор во вилицата, тие ке останат заробени во коската или во непцето, вршејќи притисок врз останатите заби кои веќе ја зазеле својата положба.
Честопати никнуваат и делимично, односно еден дел од забот останува покриен со меко ткиво. Со тоа се формира подложно место за насобирање на храна и бактерии,бидејќи е отежнато четкањето на забот кој е во таква позиција.
Умниците се корисни само доколку се здрави и правилно поставени
Со стоматолошки преглед на устата и забите, и со рендгенска снимка на умниците може да се утврди нивната состојба. Доколку се установи дека нивниот раст е неправилен и дека им сметаат на останатите заби, умниците во тој случај се отстсрануваат.
Најчестите проблеми при никнување на умниците се:
- Болка и вкочанетост на вилицата (ограничено отварање на устата)
- Иритација на мекото ткиво во устата (гингивата околу умникот) и јазикот,заради растење на забот во погрешна позиција
- Отекување на гингивата заради делимично никнување на умникот “гужвање на забите” заради недостаток на простор
Oтстранување на умниците
Од друга страна импактираните умници(под непцата) може да предизвикаат: отекување и болка, болести на непцата, перикоронитис( pericoronitis), кариес, искривување на останатите заби и цисти во вилицата. Исто така, присуството на импактирани умници го зголемува ризикот за бактериски инфекции,а со тоа го загрозува здравјето на оралната празнина.
Зошто умниците се поподложни на инфекции?
Околу 16-тата и 17-тата година може да се предвиди дали умниците ке останат импактирани или не бидејќи во овој период забите се веќе оформени. Нивното екстрахирање во овој период има свои предности-корените на умниците не се целосно развиени и вадењето е многу полесно. Процесот на заздравување е брз и ретко се јавуваат компликации.