ХПВ вакцината поуспешна отколку што се очекуваше

0

Преваленцијата на хуман папилома вирусот (ХПВ), сексуално пренослива болест која предизвикува појава на кондиломи (брадавици) и познат предизвикувач на рак, се намалува, благодарејќи на ефикасната вакцина, објави на прес-конференција, Центарот за контрола на болести (ЦДЦ) во САД.

За експертите, падот е дури и поголем од што се очекуваше, или затоа што само една или две дози од вакцината се поефикасна отколку што претходно се мислеше, или поради тоа што вакцинираните лица го забавија ширењето на вирусот кај не-вакцинираните лица, или попознат како стадо имунитет (herd immunity).

Во крајна линија на студијата е дека ние може да ја заштитиме следната генерација на девојчињата од рак на грлото на матката предизвикан од ХПВ, едноставно само треба да се започне со вакцинирање на повеќе луѓе – само една третина од девојките имаат добиено целосна вакцина во моментот во САД.

“Ние тоа го должиме на следната генерација, нашите сестри нашите ќерки и нашите пациенти, за да ги заштити против овие видови на рак“, вели директор на ЦДЦ Том Фриден.

Во последно време, ХПВ е постојано дел од вестите во САД, откако актерот Мајкл Даглас изнесе тврдење дека вирусот, со кој се заразил преку орален секс, беше причината за неговиот рак на грлото.

Тоа е невлијателен фактор, во прилог на неговиот стил на живот кој вклучува навики како пушењето и пиењето алкохол.

Вирусот предизвикува околу 27.000 нови случаи на рак секоја година во САД – 19.000 жени и 8000 кај мажи.

Новите докази, објавени во Јунското издание на Journal Of Infectious, покажува дека вакцините (Gardasil и Cervarix) против соевите на ХПВ кои предизвикуваат рак, го намалиле стапката на застапеност на вирусот кај женски тинејџери.

Поточно, распространетоста на соевите на ХПВ кои се познати предизвикувачи на рак се намалила за повеќе од половина.

Ефикасна вакцина

Кај жените на возраст од 14-19 години, вакцината против ХПВ ја намалите преваленца за 11,5% во 2003-2006 на 5,1% во 2007-2010 година.

Овие бројки може да изгледа мали, но пред да биде воведена вакцината,поголемиот дел од сексуално активните луѓе биле изложени на најмалку еден сој на вирусот во некој период во нивните животи.

Заштитата од инфицирање на жените рано во нивниот живот го запира вирусот и можноста од тоа да тој се прошири низ сексуално активната заедница подоцна и се намалува ризикот од рак за целата популација во иднина.

Вакцините прв пат се воведен во САД во 2006 година и се препорачува за сите 11-годишни девојки а во 2009 беа препорачани и за момчиња во.

Сè уште нема податоци за тоа колку момчиња ја добиле вакцината, ниту пак колку се истите ефективни на нивото на популација во спречување на појава на ХПВ-предизвикани генитални брадавици и преканцерозни лезии (тие покажале ефикасност во пилот студиите).

Само околу една третина од девојките се вакцинирани, најчесто затоа што родителите се плашат дека вакцинирањето против сексуално пренослива болест ќе испрати сигнал кај девојчињата дека тие тогаш може да имаат секс.

Студијата покажала дека ова не е вистина – сексуално однесување не се променило во двете групи.

Поради ниските стапки на вакцинација, 50.000 од девојчињата кои требало да бидат вакцинирани во 2006 година ќе добијат рак на матката само затоа што не биле вакцинирани, вели директорот на ЦДЦ.

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-