Пломба или коронка?

Доколку забот е премногу оштетен и неможе со пломба адекватно да се надокнади изгубениот дел, тогаш потребно е да се изработи коронка.

Индикации за изработка на коронка се:

  • Голем недостаток од коронката на забот– Доколку забот бил кариозен и од неговата коронка биле зафатени околу две третини, тогаш мора да се изработи коронка.
  • Кршење на поголем дел од забот– Коронка се изработува и доколку се скршил поголем дел од забот.
  • Девитализирани заби –  Забите кои се девитализирани односно им е умртвен забниот нерв,  стануваат крти и лесно можат да се скршат. Доколку дојде до кршење може да биде скршен и дел од забот кој се наоѓа под видливата линија на гингивата – во ваков случај прогнозата е многу лоша. Некои стоматолози препорачуваат веднаш по девитализацијата на забот да се изврши надокнада со коронка.

  • Неможност за адекватна реставрација со пломба – Доколку внимателно го погледнете забниот низ, и забележите дека забите меѓусебно се допираат ( тоа се нарекува контактна точка, а некаде може да биде и површина), а притоа неможе да се добие со пломба, тогаш задолжително се изработува коронка.
  • Скршен инцизален раб на секачите – При ваков случај, заради функцијата на овие заби, потребно е да се изработи коронка заради неможноста од ставање пломба. Во некои случаи, доколку пациентот е малолетен, може да се изврши реставрација со гласјономери, а кај возрасни – само коронка дефинитивно го решава проблемот.

 

Денес конзервативата дава огромна можност, и решението со пломба може да биде сосема адекватно. Кај поголеми пломби и кога е можно идеално да се реставрира забот, треба да се имаат во предвид следниве работи:каков е квалитетот на преостанатиот заб, каква е хигиената во устата, какво е општото здравје на пациентот. Може многу лесно да се случи совршено и лесно да се направи коректна пломба, но пациентот да има лоши хигиенски навики и некое општо заболување со кое би се комплицирала издржливоста на направената пломба.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или ремитување

Др. Кристина И. Стојаноска Алоска е родена во Охрид, 1984 година. Средно образование завршува во родниот крај, во гимназијата „Св. Климент Охридски“, природно- математичка насока, во 2003година. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2008 година. Со работна лиценца за доктор по стоматологија се стекнува по положување на државниот испит во 2009 година. Во соработка со ОО Црвен крст - Охрид издава две брошури поврзани со оралното здравје. По повод Неделата на забоздравствена заштита, во 2014 ја издава Брошурата „ГРИЖА ЗА ЗАБИТЕ“ наменета за најмладите во која се опишани правилата за здрави заби што треба секое дете да ги знае. Следната, 2015 година, за истата цел ја издава брошурата „НАСМЕВКА БЕЗ КАРИЕС“, на малку повисоко ниво, наменета за сите родители и деца, во која се опишани сите нешта поврзани со кариесот и тоа како да се спречи. Во 2017 година издавачката куќа ЕДУКА МАК ја издава нејзината книга со 10 раскази на тема орално здравје, напишани како поезија во проза, со наслов „НАСМЕВКА ЗА ПЕТКА“. Работна пракса како доктор на стоматологија извршува во Стоматолошката ординација "ЕТАДЕНТ" во Охрид, чиј сопственик е од 2019 година. Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!