Најчесто прашање на секој родител кон докторот кога детето треба да прими вакцина

Несакани ефекти од вакцинација

Најчесто прашање на секој родител кон докторот кога детето треба да прими вакцина. Секоја вакцина предизвикува одредени нуспојави,но тие се ретки и минливи.

Во нашата држава се употебуваат петтовалентни и шестовалентни вакцини и само кај 5% до10% од децата се појавува малку зголемена температура до 38 степени и можен е оток на местото на боцнувањето.

Најчесто е доволна само облога со ациди борици или лепенка за ладење.Температурата не треба да се симнува под 38 степени бидејќи е потребна заради вакцинацијата и детето да може да се создаде одличен имунитет против болестите за кои се вакцинира.

Само ако температурата е повисока од 38,5 тогаш треба са се даде антипиретик.
Кај 10% од вакциниранте деца со вакцината МПР во рок од 7 до 15 дена може да се појави зголемена темература и ситно исипување, но се повлекуваат по два-три дена.

Вакцините не предизвикуваат аутизам, тој има генетска предиспозиција.

Овие несакани ефекти се благи и сосема занемарливи во споредба со придобивката со вакцинацијата во однос на спречувањето на појавата на заразни болести што носат поголем ризик.

Д-р Јулијана Кралева - Јанкуловска е родена на 10 јануари 1973 год. во Скопје, каде го завршува своето основно и средно образование. Во ноември 1997 год. дипломира на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје. Во текот на студирањето посебно ја интересира областа на педијатријата. Веднаш по дипломирањето се вработува во педијатриската ординацја „Д-р Сајковски“ - Скопје каде работи 8 години и стекна со искуство во работата со децата. Веќе 10 год. работи како матичен лекар за деца и родители во својата ординација ПЗУ Д-р Кралева - Скопје.