Парализа на сонот – натприродна појава или пак не

0

Се будите во ноќта, а вашето тело неможе ни да се помрдне. Сакате да викнете, но сте спречени, не можете да се придвижите, заробени сте во своето тело… Видовте демони, сенки, светци, вонземјани, и сигурни сте дека ова беше реалност …. Дали парализата на сонот е натприродна појава или пак нешто што може да се објасни?

 

Парализа на сонот, непријатна состојба која ја имаат доживеано многу луѓе. Во некои случаи таа е симптом, но некогаш се јавува кај сосема нормални луѓе. Неможност да се помрднете, заробени во своето тело, свесни за себе… Гледате натприродни суштества вонземјани, или разни животни, за кои сте убедени дека се реални, се ова се случува при состојба на парализа на сонот.

 

Ова според научниците се случува во REM фазата. Обични тогаш кога луѓето директно запаѓаат во REM фазата без притоа да ја поминат онаа non-REM. При запаѓање во оваа фаза, мозокот на некој начин прави парализа на мускулите со цел вие физички да не го доживеете сонот, односно да не направите физичка повреда или други движења додека сонувате. Не е јасно како можете да се разбудите нагло во оваа состојба, но е сигурно дека вие се будите пред мозокот да ја поврати функцијата на мускулите. Во тој случај вие се наоѓате измеѓу реалноста и сонот, вие сте будни, но мозокот сеуште не ги враќа функциите на мускулите, а вие се чувствувате заробени во вашето тело, имате чувство дека некој ви лежи на градите, гледате сенки, чудовишта или било што што во моментот ќе ви помине низ главата.

Според научниците ова се случува најчесто кај луѓето кои директно влегуваат во REM фазата без притоа да поминат другите фази. Како ризик фактори за ваквата појава, научниците ги наведуваат алкохолот, кофеинот, спиењето на грб и секојдневниот прекумерен стрес. Според истражувањата 20-60% од луѓето во целата популација доживеале парализа на сонот барем еднаш во животот. Во тие ситуации најлошото е што истите имаат визуелни, аудитивни па и тактилни халуцинации. Некои луѓе гледаат демони, животни, мртовци, други пак велат дека слушаат писоци, гласови и чекори. Трети пак опишуваат чувство на допир, морници или стискање на градите, се ова може да се случи за време на парализа на сонот.

 

Парализата на сонот, не може да биде фатална, но може врз вас да остави трауми за цел живот. Најлошите симптоми во текот на оваа состојба се чувството на паѓање, летање или чувството дека некој ве извлекува од креветот или не сте во сопственото тело. За, среќа ова не трае повеќе од неколку секунди, многу ретко до минута.

 

Меѓу народот и луѓето кои го проучуваат надреализамот, кружат многу теории, дека ова е состојба кога телото се наоѓа помеѓу материјалното и духовното, кога душата е вознемирена или има некој напад од нешто свето. Ова секако неможе во целост да се исклучи ако гледаме од религиска или од друга точка на човековото непознавање и заостанувањето на науката во овој дел. Но, на крајот мораме да кажеме дека научниците логично ја објаснуваат оваа појава и не треба да бидете премногу истрауматизирани доколку ви се случи. Иако вознемирени, сепак треба да се помирите со фактот дека ова се случува често и дека не е ништо што може да му наштети на вашето здравје.

Сепак иако постои логично објаснување парализата на сонот, не е доволно научно докажана, сеуште не се знае зошто телото се буди за време на парализа на мускулите и што е точната причина за тоа. Ваше е дела ќе верувате на духовната теорија или пак на научната, важно е да разберете дека ова не е состојба која може да ви наштети, доколку проживеете парализа на сонот едноставно станете испијте или изедете нешто благо, поразговарајте со некого, или пак доколку сте премногу вознемирени испијте некоја таблета за смирување, и секако не грижете се не сте единствениот, ниту пак некоја виша сила пробува да ви наштети едноставно сфатете го тоа како случка која веројатно веќе нема да се повтори. Доколку пак редовно се повторува, тогаш побарајте стручна помош од невролог или невро-психијатар.

 

Парализа на сонот, дали е натприродно или може да се објасни? Тешко е да се каже со сигурност, иако научниците сметаат дека парализата на сонот е само мало “потфрлање” на мозокот и пореметување на фазите на спиење и не се случува ништо посебно.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Роберт Николовски
E-mail: robima2008@gmail.com Phone: +38978/413-067 Adress: Jane Sansanski 18; K.Palanka Лични информации и образование: Родена: 28.11.1990 година во Крива Палнка Основно образование(1997 -2005), ОУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2005-2009), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2013 година) Уредник на проектот zazdravje.com.mk во период од 2010 до 2013 година Автор на повеќе од 1 000 статии и текстови на домашни и меѓународни портали поврзани со одржување на здравјето Добитник на признание за придонес во здравствената едукација во Република Македонија Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Во текот на средното обрзование добитник на златен медал за најдобар ученик на локален MASSUM огранок како и добитник на прва награда за изработка на web странана и бројни сертификати за најдобро изработена реклама за средното општинско училиште во соработка со USAID невладината организација Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of influenza virus in Municipality of Kumanovo – Nikolovski, R; Markovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Основно познавање на програмси јазици: C++, paskal, JAVA Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа -Во Доктори.мк препознав сајт кој има потенцијал и тим кој во иднина не само што ќе го направи Доктори.мк главен медицински информатор во Македонија, туку и прирачник за сите медицински лица, препознатлив не само во земјава туку и во целиот регион. Горд сум што имам можност да бидам дел од овој тим кој е полн со енергија и спремен да го доближи светот на медицината до секој граѓанин. Му посакувам на порталот како и на целиот негов тим многу успеси и вредна и напорна работа, бидејќи само така може да се дојде до посакуваниот ефект.