Откривање на сите тајни во врска со користењето на кондомите

0

Кондомите денес се најпопуларното и најупотребуваното средство за физичка контрацепција. Луѓето кога станува збор за заштита од несакана бременост и полово преносливи болести најмногу им веруваат на кондомите. Ова го докажале многу истражувања спроведени ширум светот. Светската здравствена организација (СЗО) направи сумирање на повеќе истражувања па дојде до повеќе заклучоци, каде најчесто потфрлува овој тип на контрацепција.

 

Според СЗО голем процент од луѓето незнаат правилно да наместат кондом

Навистина многу често можеме да слушнеме меѓу луѓето дека дошло до несакана бременост поради пукање на кондом. Сепак, според истражувањата експертите од СЗО велат дека до пукање на кондом многу тешко ќе дојде доколку тој е наместен правилно. 

Тие направиле сумација на многу резултати направени ширум целиот свет и дошле до заклучок дека постојат критични точки во кои луѓето грешат при ставањето на кондомот, а еве кои грешки се наоѓаат на врвот на листата.

Некористење на кондомот во текот на целиот сексуален акт

Според СЗО ова е проблем број еден кој се јавува меѓу младите. Тие не го користат кондомот во текот на целиот секс, го вадат предвреме или го местат доцна потоа, па доаѓа до остварување на директен ризик од полово преносливи болести.

Неправилност на врвот на кондомот, оставање на воздух или неоставање на простор

Овде според истражувањата најчесто грешат почетниците и неискусните, но се случува и на постарите. Оставањето на воздух или неоставањето на простор на врвот на кондомот е причина број еден за пукање на кондомот и доаѓање до несакана бременост. Доколку не го наместите правилно, според истражувањата постои 15 % ризик вашиот кондом незабележливо да се скине во текот на односoт и да дојде до директен контакт на семената течност со вагината на партнерката.

 

Користење на кондом со неадекватна големина

Кондомите најчесто имаат стандардна големина и се направени според просечната дебелина на машкиот полов орган, додека во врска со должината тие се направени доста подолги од она што се очекува да се искористи. Сепак, големината и дебелината на машкиот полов орган може драстично да варира во зависност од индивидуата, па според истражувањата на СЗО, неправилната големина на кондомот е доста важна причина за појава на несакана бременост поради две причини:

Истекување на семена течност

Се случува најчесто кога дебелината на машкиот полов орган е помала од просечната или пак се користи кондом кој е поголем од стандардниот. Во ваков случај може лесно да дојде до истекување на семената течност или испаѓање на кондомот за време на сексуалниот акт при што ќе дојде до директен контакт на слузокожата на двајцата партнери, а со тоа и ќе се зголеми ризикот од полово преносливи болести.

Пукање на кондомот

Се случува кога се користи помал кондом од оној кој одговара на големината на машкиот полов орган. Па поради насилното ставање доаѓа до пукање за време на сексуалниот акт.

Поради ова, секогаш бирајте соодветна големина на кондом доколку стандардниот не одговара побарајте од вашиот фармацевт кондоми со помала или поголема димензија.

Правила за безбедно користење на кондомот – важни и за двата пола

Навистина банален е изговорот дека само мажите треба да се грижат околку поседувањето и местењето на кондомот. Правилната употреба на кондомот директно ги засега двата партнери па затоа и начинот на употреба како и редовното носење треба да го имаат во предвид двајцата партнери. Да се потсетиме на неколку правила за безбедно користење на кондомот.

  1. Секогаш користете нов кондом за секој нареден сексуален однос, најважно правило кое секој мора да го запамети. Никогаш еден кондом не смее да се употребува два или повеќе пати.

  1. Внимавајте на правилната страна на одвиткување на кондомот, кондомот мора да се одвитка на правилната страна притоа тој мора да го зафати целиот пенис од почетокот до самиот крај, не дозволувајќи воздух да исполни ниту една празнина помеѓу пенисот и кондомот.
  2. Кондомот ставете го пред било каков генитален контакт, кондомот треба да го наместите пред да имате било каков генитален контакт со партнерката, за ефикасно заштитување од полово преносливи болести.
  3. По ејакулацијата кондомот внимателно извадете го подалеку од партнерката, со внимателни потези, спречете изливање на семената течност. Кондомот секогаш извадете го пред пенисот да ја изгуби ерекцијата!
  4. Ако во било кој дел од сексуалниот чин забележите оштетување на кондомот веднаш застанете и променете го, никако немојте да продолжувате бидејќи кондомот целосно може да се оштети, а ризикот од СПБ и несакана бременост ќе стане ист како кога не носите кондом.
  5. Бидете внимателни, некои лубриканти можат да го ослабеат латексот и да предизвикаат пукање на кондомот, затоа внимателно ако користите лубриканти, секогаш читајте го составот и бидете претпазливи.

И уште нешто …

Единствено апстиненцијата е 100 % контрацепција. Кондомот има ризик, но тој е сведен на минимум. Доколку правилно се употребува ризикот да заболите од СПБ или несакана бременост е околу 2 %. Сепак во зависност од тоа како се пренесува болеста, така варира и процентот на ризик, болестите кои се пренесуваат преку кожата тешко можат да се превенираат и со користење на кондом.

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Роберт Николовски
E-mail: robima2008@gmail.com Phone: +38978/413-067 Adress: Jane Sansanski 18; K.Palanka Лични информации и образование: Родена: 28.11.1990 година во Крива Палнка Основно образование(1997 -2005), ОУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2005-2009), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2013 година) Уредник на проектот zazdravje.com.mk во период од 2010 до 2013 година Автор на повеќе од 1 000 статии и текстови на домашни и меѓународни портали поврзани со одржување на здравјето Добитник на признание за придонес во здравствената едукација во Република Македонија Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Во текот на средното обрзование добитник на златен медал за најдобар ученик на локален MASSUM огранок како и добитник на прва награда за изработка на web странана и бројни сертификати за најдобро изработена реклама за средното општинско училиште во соработка со USAID невладината организација Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of influenza virus in Municipality of Kumanovo – Nikolovski, R; Markovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Основно познавање на програмси јазици: C++, paskal, JAVA Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа -Во Доктори.мк препознав сајт кој има потенцијал и тим кој во иднина не само што ќе го направи Доктори.мк главен медицински информатор во Македонија, туку и прирачник за сите медицински лица, препознатлив не само во земјава туку и во целиот регион. Горд сум што имам можност да бидам дел од овој тим кој е полн со енергија и спремен да го доближи светот на медицината до секој граѓанин. Му посакувам на порталот како и на целиот негов тим многу успеси и вредна и напорна работа, бидејќи само така може да се дојде до посакуваниот ефект.