Надрилекари и лажни исцелители, опасност која се повеќе ни се заканува

0

Живееме во време кога секој се труди да ја обезбеди својата егзистенција, за жал сите сакаат да заработат многу, а да сработат малку, па затоа измамите се дел од сите сегменти на животот. Медицината и фармацијата се области пред кои стои голем предизвик. Тие секојдневно се борат да го подобрат животот на луѓето, но пред нив има една низа на неизлечиви здравствени состојби со кои медицината и фармацијата сеуште не можат да се справат, е тука е можноста за лажните лекари, тревкари, биоенергичари, исцелители, бајачи и сл. Тука е можноста за манипулација и печалење пари на грбот на тешко болните пациенти.

 

Надрилекари, исцелители, бајачи, гатачи, биоенергичари, јасновидци и сите други слични облици се луѓе кои немаат никакво или многу мало медицинско образование,  имаат само единствена цел која ги поврзува, а тоа е печалењето на пари на грбот на болните, најчесто оние болни за кои медицината неможе да најде соодветен лек за нивно третирање.Како и во сите други држави така и во Република Македонија има закон кој забранува надрилекарство, но тој ќе може да се примени само тогаш кога луѓето ќе го забележат измамникот и ке го пријават, што досега многу ретко се случило, а причината за тоа ја гледам најмногу во таргетирањето на измамниците кон одредени групи на луѓе, како и паганските верувања на добар процент од народот во магии, волшебништва и гатање. Како што веќе реков овие луѓе таргетираат одредени групи, а тоа најчесто се:

Болните од малигни болести

Причина: Болните од рак се многу лековерни, бидејќи ја губат надежта во медицината, и се склони да пробаат се за да ја подобрат нивната здравствена состојба.

Начин на делување: Надрилекарите и сличните измамници обично го посетуваа домот на болниот, нудат лек (најчесто чај, или билка) кој е неверојатно добар, но медицината не сака да го признае бидејќи од него нема да има профит, ова е нивниот најчест изговор и дека цената е само неколку илјади денари, а ефикасноста 90%, па дури и 100%. Тие редовно наведуваат примери за излекувани, цитати и слики од нив, често се представуваат и како ваши роднини, но знаат да одат дотаму што ќе кажат дека ве разбираат дека сте во финансиска криза и многу им е жал па затоа тие ви го поклонуваат лекот, но мора да се плати данок на државата, кој често е неколку илјади денари. Често споменуваат контроверзни растениа, наркотични или растенија кои имаат племенити имиња, за да ја потикнат довербата кај пациентот.

Што да направам? Кажете им дека не сте заинтересирани и дека планирате да ја известите полицијата за ова, доколку продолжат да инсистираат, така ќе го забрзате нивното заминување од вашиот дом. Објаснете им на постарите да не наседнуваат.

Има ли исклучоци? Народната медицина е ефикасна за некои заболувања, но тие никако не продаваат по вашите домови, туку имаат специјализирани дуќани во кои ги нудат своите производи, затоа секој кој ќе ви продава на врата било каков лек измамник е без исклучок.

Стари лица во рурални средини

Причини: Лаковерноста, лесноста за убедување, нивниот страв од болести и примањето на редовна пензија

Начин на делување: И овие како и предходните одат од врата на врата и на старите лица од руралните места им нудат најчесто прегледи од еминентни лекари. Обично велат дека лекарот ќе дојде за некој ден да ги прегледа само тие однапред треба да платат за услугата или дека тие место нив ќе закажат преглед кај познат лекар заедно со обезбеден превоз, но тие за тоа ќе мора да платат однапред, по некогаш повеќе од 2 или 3 пензии. Освен овој начин на делување тие го имаат и истиот начин на делување како горе опишаниот, користејќи ја предноста што старите лица имаат исклучително силна верба во моќта на лековитите растенија.

Што да направам? Кажете им на вашите баби и дедовци за оваа измама, објаснете им дека ниту една болница или установа не прави однапред наплаќање за нивната услуга. Објаснете им дека пари на рака веќе не се даваат без важечки документи и фискални сметки. Ако забечежите било каков случај што одговара на опишаниот без одолжување веднаш известете ја полицијата.

Има ли исклучоци? Исклучоци нема, вашиот дом можат да го посетат разни волонтери од невладини организации или црвен крст, но при тоа никој неможе и несмее за било каква услуга да наплаќа. Секој оној кој ви нуди било каква услуга на вашата врата и веднаш за тоа бара да наплати измамник е без ислкучок.

Освен посетувањето на вашиот дом, овие лица имаат и други начини на делување, обично себе си си препишуваат натприродни моќи, еве на што точно мислам:

Исцелители, светци, божји пратеници

Причини: Паганството во нашата држава сеуште е многу доминантно, верувањето во магии и гледања сеуште е огромно.

Начин на делување: Ова е многу опасна група на луѓе и тешко може законски да се санкционира бидејќи тие обично велат дека работат без пари, не земаат пари. Каде е тогаш тиркот? Трикот е во тоа што тие редовно имаат икони, кутии или слични предмети пред нивната врата полни со банкноти со високи цифри. Кога ќе ја завршите работата редовно околку тие икони стојат луѓе или пријатели на измамникот кои пуштаат високи суми на пари за да ве навлечат истото да го направите и вие како добротворен прилог. Некои велат дека не смеат да земаат пари и дека се работи за добротворен прилог ова е трик добро смислен за да влијае на довербата кај лаковерните луѓе. Замислете само, тие не земаат пари, но сепак ги има на сите реклами низ интернет(фејсбук,твитер) и весниците, добар начин да се сфати измамата.

Што да направам? За почеток немојте да посетувате вакви луѓе, борете се против нив со тоа што ќе ја подигате свеста особено кај младите. Немојте на овие луѓе само да се потсмевате иако знете дека се измамници. Објаснете го тоа на вашите другари, роднини, блиски кои се заслепени и воодушевени од нивната “моќ”. Објаснете им го трикот на измамата, не дозволувајте вашите блиски да бидат манипулирани од вакви измамници.

Има ли исклучоци? Освен атеистите, сите други луѓе без разлика дали се лекари, научници или експрети не го негираат постоењето на господ. Но, ова е сосема друга работа. Вие морате да запомните дека бог не лекува преку, магии, врачарења, гледања, волшебни напитоци, амајлии, икони, исцелители, ниту било што слично. Сите овие кои се занимаваат со нешто од ова кое го наведов измамници се без исклучок.

Билкари

Билкарството само по себе не е надрилекарство, ниту измама. Но, се додека билкарите не започнат да ветуваат чуда. Многу билки имаат докажано делување врз организамот и тие можат и треба да се употребуваат. Сепак едно запомнете билкарството се употребува само како додаток(суплемент) во одредена терапија, никако наместо дадена терапија.

 

Како да препознаат билкар измамник? За ова веќе објаснувавме, измамниците продаваат по домовите или на билките им препишуваат неверојатни моќи, кои чинат многу пари.

Неколку совети плус ….

  • Оставете ги гатањата, гледањата, баењето и магиите, се ова е одлика на паганизам и луѓе со ниски култури, јас никако не сум против верувањето во господ, тоа воопшто не е лошо, но лекувајте се онаму каде што тоа го прави целиот свет, не дозволувајте луѓе кои го манипулираа  името на господ да ве измамат и да ви ги земат парите.

  • Не давајте пари за услуга пред да ја добиете, за секое наплаќање барајте фискална сметка и потврда за уплаќање на средства со потпис и печат, кои имаат правна важност.
  • Одржувајте го вашето здравје преку советите од вашиот лекар и фармацефт, немојте никогаш овие совети да ги игнорирате, само затоа што некој билкар или бајач ве советувал поинаку
  • И за крај дури и да го игнорирате целиот овој текст и пак да појдете по горенаведените измамници, не заборавајте редовно да ја земате терапијата што ви ја препишал вашиот лекар  како и редовното посетување на контролите, кои се ви закажани.

Главната цел на овој текст ми беше да објаснам како најчесто функционираат надрилекарите, и другите измамници, да укажам на важноста да се престане со оваа негативна традиција на посетување на бајачи, гатачи и други измамници кои за жал имаат многу висок углед во нашата држава, искрено надевајќи се дека и надлежните ќе го актуелизираат ова прашање за да се едуцира старата, но и младата популција, и да се спроведува законот за казнување на ваквиот тип на измамници. Најмногу жално е што младите веруваат во вакви работи и младите во нашата држава се многу манипулирани од вакви измамници, што е многу загрижувачки податок и укажува на фактот дека крајно време е нешто да се превземе. 

Мојот искрен совет до сите мои колеги, пријатели, читатели, без разлика во која вера веруваат, и какви идели штитат, масовно да се борат против измамата, против надрилекарстовото, против шарлатаните, гатачите и сите оние кои се представуваат како исцелители за пари. Зошто само со добра и здрава едукација и пред се свест, ќе го сузбиеме делувањето на ваквите измамници.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Роберт Николовски
E-mail: robima2008@gmail.com Phone: +38978/413-067 Adress: Jane Sansanski 18; K.Palanka Лични информации и образование: Родена: 28.11.1990 година во Крива Палнка Основно образование(1997 -2005), ОУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2005-2009), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2013 година) Уредник на проектот zazdravje.com.mk во период од 2010 до 2013 година Автор на повеќе од 1 000 статии и текстови на домашни и меѓународни портали поврзани со одржување на здравјето Добитник на признание за придонес во здравствената едукација во Република Македонија Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Во текот на средното обрзование добитник на златен медал за најдобар ученик на локален MASSUM огранок како и добитник на прва награда за изработка на web странана и бројни сертификати за најдобро изработена реклама за средното општинско училиште во соработка со USAID невладината организација Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of influenza virus in Municipality of Kumanovo – Nikolovski, R; Markovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Основно познавање на програмси јазици: C++, paskal, JAVA Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа -Во Доктори.мк препознав сајт кој има потенцијал и тим кој во иднина не само што ќе го направи Доктори.мк главен медицински информатор во Македонија, туку и прирачник за сите медицински лица, препознатлив не само во земјава туку и во целиот регион. Горд сум што имам можност да бидам дел од овој тим кој е полн со енергија и спремен да го доближи светот на медицината до секој граѓанин. Му посакувам на порталот како и на целиот негов тим многу успеси и вредна и напорна работа, бидејќи само така може да се дојде до посакуваниот ефект.