Дејство на грипот врз заболените од рак

0
24

Честопати сте се запрашале како делува грипот врз луѓето кои се болни или кои неодамна се избориле против оваа опасна подмолна болест? Дали и какви компликации тој би претизвикал врз овие пациенти? Еве неколку прашања на кои ние ви даваме одговор, прочитајте ги внимателно.

 

Дали болните од рак треба да се вакцинираат против грип?

Одговорот на ова прашање е категорично да. Луѓето кои се избориле или сеуште се борат со ракот, треба да примат вакцина против грип. Имунитетот кој ќе се создаде можеби нема да биде исто толку силен колку оној што ќе се создаде кај нормално здрави лица, но секогаш ќе биде подобар отколку воопшто да не се прими вакцина. За типот на вакцината која ќе треба да ја примат против грип, болните од рак, мора да се посоветуваат со нивниот лекар.

Дали вакцината против грип може да ја попречи терапијата против рак?

Досега, нема докази каде што се потврдува дека влијанието на вакцината против грип, може да и попречи на терапијата против рак. Затоа се препорачува сите луѓе кои имаат болест со нарушен имунитет да примаат вакцина против рак.

Колку е важна вакцината против грип?

Вакцината против грип не само што е важна за самите пациенти, туку таа е важна и за опкружувањето на болниот. Секогаш доколку во близина имате човек кој се изборил неодамна со оваа болест или сеуште се бори, или пак било кое лице за кое се знае дека има проблеми со имунитетот, инсистирајте на вакцинирање на сите луѓе кои се во контакт со тоа лице, со ова ќе спречите важен вектор на пренесување на грипот до имунокомпримитираната личност.

 

Што ако се појават симптоми?

Ако се појават симптоми на грип, уште во најрана фаза пациентот мора да се однесе во болница. Бидејќи се работи за болен со опаднат имунитет, не смее да се чека ниту ден. Грипот може да направи сериозни компликации, а можеби и компликациите воопшто не се од грип.

Кај кои типови на рак најмногу треба да се внимава?

Најмногу треба да внимаваат луѓето кои биле заболени или кои се лекуваат од леукемија или лимфоми, овие луѓе имаат директна засегнатост на имуниот систем и кај нив е потребна посебна проверка и посебна консултација пред да се даде вакцина против грип.

Дали доколку имутитетот е засегнат пациентот со примање на вакцината би можел да заболи од грип?

Доколку вакцината се даде со одобрување на лекар специјалист, не е можно заразување од грип со вакцинирање без разлика на имунокомпримитираноста, секогаш е подобро да се прими одколку да не се прими вакцина.

Компликации од грипот

Заболените од карцином имаат огромен ризик да добијат компликации од грипот, компликациите не се исклучени ниту кај луѓето со нормален имунитет. Грипот може да го доведе во прашање животот на пациентите кои се болни или скоро преживеале карцином.

 

Карциномот е доста тешка болест која бара многу терапија, третмани, зафати и многу дијагностички процедури како и постхируршки третмани за да се отстранат малигните клетки од телото, поради што  доаѓа до опаѓање на имунитетот на болниот. Тој е ранлив не само на грип туку и на многу други вируси и опортунистички бактерии кои нормално не прават проблем кај човекот. Затоа, за овие лица треба да постои голема грижа и внимание бидејќи и најмалите инфекции можат да вродат со компликации.

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Роберт Николовски
E-mail: robima2008@gmail.com Phone: +38978/413-067 Adress: Jane Sansanski 18; K.Palanka Лични информации и образование: Родена: 28.11.1990 година во Крива Палнка Основно образование(1997 -2005), ОУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2005-2009), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2013 година) Уредник на проектот zazdravje.com.mk во период од 2010 до 2013 година Автор на повеќе од 1 000 статии и текстови на домашни и меѓународни портали поврзани со одржување на здравјето Добитник на признание за придонес во здравствената едукација во Република Македонија Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Во текот на средното обрзование добитник на златен медал за најдобар ученик на локален MASSUM огранок како и добитник на прва награда за изработка на web странана и бројни сертификати за најдобро изработена реклама за средното општинско училиште во соработка со USAID невладината организација Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of influenza virus in Municipality of Kumanovo – Nikolovski, R; Markovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Основно познавање на програмси јазици: C++, paskal, JAVA Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа -Во Доктори.мк препознав сајт кој има потенцијал и тим кој во иднина не само што ќе го направи Доктори.мк главен медицински информатор во Македонија, туку и прирачник за сите медицински лица, препознатлив не само во земјава туку и во целиот регион. Горд сум што имам можност да бидам дел од овој тим кој е полн со енергија и спремен да го доближи светот на медицината до секој граѓанин. Му посакувам на порталот како и на целиот негов тим многу успеси и вредна и напорна работа, бидејќи само така може да се дојде до посакуваниот ефект.