Дозволена “ХАЛАЛ” храна

0

 

За помалку информираните „халал“ (halal) е храна која е дозволена според исламските закони, а во последиве години масовно се консумира во повеќе развиени земји бидејќи се смета за здрава храна. Наспроти неа, „харам“ (haram) е храна која не е дозволена и муслиманите ја избегнуваат.

Куранот забранува консумирање на:

  • свинско и свински производи (бидејќи се сметаат за нечисти);
  • крв и крвни продукти;
  • животни кои не биле заклани во името на Алах (животните треба да бидат третирани со почит и заклани на посебен начин, во спротивно нивното месо не треба да се употребува);
  • алкохол и храна во која има алкохол како состојка.

Зошто „халал“ е здрава храна?

За едно животно да дојде од фарма до трпеза, потребно е од самиот почеток да има целосен живот, да се храни добро, да биде добро третирано, да не му биде нанесена болка и да биде жртвувано според исламските закони.

А тоа воедно значи дека треба да се храни со чиста храна и вода и да не биде хрането со животински продукти.

Консумирањето храна која не била третирана со пестициди, токсини и други загадувачи е придобивка по здравјето, не само за муслиманите туку и за сите луѓе.

Како „халал“ храна се смета:

  • рибата и морската храна,
  • јајцата,
  • млекото,
  • сите видови овошје и зеленчук,
  • месото од животните кои се заклани според исламските закони (освен свинско);
  • пијалоци како кафе, чаеви, сокови и други пијалоци кои како состојка не содржат алкохол.

Сите наведени продукти се здрави, а посебниот начин на приготвување ги прави уште попривлечни за вљубениците во здравата храна.

Д-р Моника Самарџиоска
Д-р Моника Самарџиоска е родена на 12.09.1984 год. во Прилеп, Република Македонија, каде го завршува своето основно и средно образование. Во 2009 год. дипломира на Медицинскиот Факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. За време на студиите волонтира во студентскиот сојуз и во невладини организации во повеќе наврати, како: волонтер во IFMSA (програма за студентска размена) - 2007 г.; волонтер на Одделот за општа хирургија, Медицински универзитет, Вроцлав – Полска, како дел од програмата за студентска размена - август, 2008 г.; волонтер на 58-мо Генерално собрание на IFMSA - август, 2009г); волонтер во „Националната фондација за трансплантација“. Одлично го познава англискиот јазик, а го изучува и германскиот. Љубител е на планинарење и промовира здрав начин на живот. -Многу ми се допаѓа сајтот затоа што е забавен, поучен и информативен. Доброто здравје треба да се одржува и почитува затоа што здравјето не го цениме доволно се додека не го изгубиме.