Третман на дијабетско стапало со хипербарична кислородна терапија (ХБОТ)

0

Дијабетското стапало според Светската здравствена организација (СЗО) се дефинира како стапало со нарушен функционален интегритет, со појава на рани и инфекција, како последица на оштетување на периферните нерви и крвните садови. Десет до петнаесет проценти од пациентите со шеќерна болест развиваат улцерации на стапалото во текот на животот, кои доколку несоодветно се третираат се честа причина за ампутација на стапалото.

Фактори кои ги нарушуваат нормалните процеси на зараснување на раните кај пациентите со шеќерна болест:

  • Хипоксија односно недостаток  на кислород во клетките, како последица на промени на крвните садови и нарушен проток на крв во долните екстремитети.
  • Инфекција која дополнително ја нарушува локалната крвна циркулација. Во услови на инфекција се зголемува кислородната потрошувачка од страна на белите крвни клетки.


слика: нарушен проток на крв и недостаток на кислород во клетките (шематски приказ)ж

Значаен тераписки модалитет во третманот на дијабетското стапало е хипербаричната кислородна терапија (ХБО), процес при кој се вдишува 100% медицински кислород на притисок поголем од атмосферскиот. Кислородот применет како лек, во услови на зголемен притисок, го надополнува недостатокот на кислород во клетките (хипоксија) и овозможува побрзо и ефикасно зараснување на раните.

 

Со примена на хипербарична кислородна терапија преку следниве механизми се постигнува зараснување на раните:

  • Зголемување на концентрацијата на кислород во ткивата

слика: зголемување на дифузионата дистанца на кислород во ткивата (шематски приказ)

  • Подобрување на протокот на крв низ микроциркулацијата како резултат на зголемена еластичност на мембраната на црвените крвни клетки
  • Забрзана регенерација на кожното и поткожното ткиво (стимулација на фибробластни клетки)
  • Создавање на нови крвни садови (неоангиогенеза), со што се овозможува формирање на нови капиларни мрежи и се зголемува снабденоста на клетките со кислород

слика: стимулација на нови крвни садови (шематски приказ)

  • Се зголемува фагоцитната способност на белите крвни клетки и на тој начин ХБО делува како неспецифичен антибиотик.
  • Директно бактерицидно дејство на анаеробните микроорганизми (микроорганзими кои живеат без кислород).

Пред отпочнување со хипербарична кислородна терапија, се изработува дијагностичко- терапевтски протокол. Со овој протокол се одредуваат потребните испитувања, кои се потребни да се спроведат пред почетокот на терапијата како и се одредува бројот на третманите, притисокот на кој се изведуваат и времетраењето на поединечен третман. Практичните искуства ја истакнуваат потребата за примена на хипербарична терапија во комплексниот третман на шеќерна болест, како значајна превентивна метода со која се спречуваат компликациите кои се јавуваат како последица на хронична хипергликемија.

Д-р Марија Јакимовска
Д-р Марија Јакимовска е родена 21.03.1986 год. во Скопје. Средно образование завршува во ДСМУ „Д-р Панче Караѓозов“, отсек: Здравствена медицинска сестра. Медицинскиот факултет го завршува во 2011 година. Дополнителни активности: Средно образование: Дел на тим во средношколски проект по наставен предмет психологија, Проект: Влијание на совремниот начин на живот врз психофизичкиот развој на младиот човек; Проект: Болести на зависнот (дрога, алкохолизам); Семинар: Peace Unlimited, делегат-Скопје; PHV семинар, Promotion Human Values, Р.Македонија. Факултетско образование: Институт за трансфузиона медицина на Република Македонија, Оддел за колекционирање на крв, Амбуланта за трансфузиона медицина; Клиника за ургентна медицина и токсикологија; Трговија со луѓе и нелегална миграција - Интернационална организација за миграција, делегат-Скопје, Македонија. Вработена во Специјализиран ХБО2Т-Центар. Обука за управување и одржување на хипербарична комора – Флуид Проект; Семинар од областа на подводна медицина, организиран од нуркачкиот центар, лиценциран SSI - Амфора; Учество на четвртата интернационална школа од областа на хипербарична и подводна медицина организирана од Српската здравствена организација; Едукативни предавања: Хипербарична кислородна терапија во третман на шеќерната болест, одржано во Здружението на дијабетичари на град Скопје. Посебен интерес: Примена на хипербаричната медицина во третман на кардиоваскуларни заболувања; Улогата на хипербаричната медицина во третман на аутизам; Развој на хипербаричната медицина во Р. Македонија. -Одличен тим на млади и амбициозни луѓе чија визија е соодветно информирање од областите на здравиот начин на живот. Статиите кои обработуваат голем број на заболувања, како и дијагностички постапки, се можеби најдобриот начин за подигање на општата здравствена свест. Содржините кои се креативни, разбирливи, интересни ја гарантираат популарноста и развојот на оваа интернет страница. Чест е да се биде дел од овој тим.