Транзиторна исхемична атака – ТИА

Што е Транзиторна исхемична атака ( ТИА)

Транзиторнaтa исхемичнa атакa се карактеризира со кратотраен губиток на функцијата на дел од телото, бидејќи настанува прекин во дотокот на крвта во одреден дел на мозокот кој ја контролира изгубената функција.

Причини и симптоми

Симптомте и причините за ТИА се исти како и за исхемичниот мозочен удар со таа разлика што фукцијата комплетно се опоравува за помалку од 24 часа. Тоа настанува поради тоа што блокадата на крвниот сад се губи многу брзо, пред да настане трајно оштетување.

Кое е значењето на ТИА?

ТИА е од голема важност за пациентите бидејки ги преупредуваат за поголем ризик од мозочен удар во иднина, кој со правилен третман може да се редуцира и со тоа да се избегне настанување на инваидитет или смрт.

 

*други статии од темата мозочен удар – прашања и одговори која ја обработуваме во соработка со д-р Божиновска Смическа