Убавината и здравјето на нозете се тесно поврзани. За подолго време да ви останат лесни, флексибилни и витки, доволно е да се придржувате до неколку едноставни совети и тоа почнувајќи од помладите години.
1. Пешачeте
Секој ден најмалку по половина саат. На тој начин ќе ја спречите венската инсуфициенција.
- Зошто?
Во тек на пешачењето и качувањето по скали мускулните контракции делуваат како еден вид на масажа која го олеснува враќањето на крвта кон срцето. Со активноста на стопалата крвта која се собира во малите крвни садови се потискува нагоре. Совет: кога патувате со автомобил правите често паузи и раздвижете се, а во авион шетајте по 2-3 минути на секој сат.
- Уште еден совет!
Немојте долго да останувате во една положба. Ако морате долго да стоите, на секој пола саат подигнувајте се на прсти и останете во таа положба неколку минути. Ако долго седите најдете потпирач за нозе и трипати дневно подигајте ги нозете на него задржувајќи ги 15-тина минути.
2. Избегнувајте екстремни температури
Сонцето не штети, ама претераната топлина (кога станува збор за вода) не е добра.
- Зошто?
Топлината од сонцето, лежење на топол песок, посета на сауна или турски бањи или едноставно седење или стоење покрај извор на топлина има вазодилтаторно делство т.е. ги шири крвните садови. Тоа е посебно опасно за болни и слаби крвни садови бидејќи дополнително ги ослабува оштетените капилари или тоа го потикнува кај генетски предиспонирани особи. Затоа избегнувајте сончање во најтоплиот дел од денот и почесто ладете ги нозете со ладна вода.
- Уште еден совет!
Идеална купка за потикнување на циркулацијата е вода на 35-36 степени во која претходно сте раствориле сол за купка или малку готварска морска сол.
3. Масажата е вистински еликсир
Тоа е пасивна гимнастика за крвните садови и идеална за потикнување на циркулацијата
- Зошто?
Од професионалните масажи за превенција на болести на крвните садови и ублажување на веќе постоечките симптоми најкорисна е лимфната дренажа бидејќи ја потикнува циркулацијата на крвта и лимфата. Но и самите можете да си направите масажа: секоја вечер нежно масирајте си ги нозете почнувајќи од стапалата преку скочните зглобови кон горе, нежно нанесувајќи крема на база на билни екстаракти. Масажата би требало да трае 15-тина минути.
- Уште еден совет!
Секојдневното туширање искористете го за мала хидромасажа: насочете го млазот со вода кон нозете полека движејќи го од стапалата кон бутовите и наизменично менувајќи лдна и топла вода. Масажата треба да трае неколку минути.
4. Физичка активност
Немојте да се знимавате со спортови кои бараат изведување на нагли потези како тенис, аеробик или одбојка.
- Зошто?
Пливањето е идеален избор: положбата на телото и притисокот на водата го спречуваат дејството на гравитацијата и го олеснува враќањето на крвта. Покрај тоа, ладната вода го јакне ѕидот на крвниот сад. За циркулацијата добра е и гимнастика во вода која многу полесна отколку гимнастика на земја а еднакво делотворна. Корисно е и возење на велосипед или трчање бидејќи ги јакне мускулите на потколеницата.
- Уште еден совет!
Штом ќе се разбудите, потикнете ја циркулацијата со десетминутни вежби: лежејќи на грб ставете ги рацете под задникот и кревајте ги нозете исправени, па правите ножички, кружите со нозете како да возите велосипед. Секоја вежба повторете ја 20 пати.
5. Внимавајте на облеката
Избегнувајте пантолони и сукни кои ви ја стегаат половината и чорапи и долна облека која ви ги притиска препоните и оставаат траг на кожата.
- Зошто?
Тесната облека го отежнува венскиот повраток и тоа не важи само за пантолониите туку и за долната облека и чизмите кои премногу ги притискаат листовите. Покрај што го отежнуваат повратокот на крвта ја оневозможуваат и нормалната контракција на мускулите. Избегнувајте целодневно носење на високи потпетици , но и на потполно рамни чевли: стопалото мора да ја зaдржи приподнатa закривеност бидејќи само така може делотворно да ја потискува крвта кон горе. Најприкладна висина на потпетицата е 3-4 цм.
- Уште еден совет!
Посебни чорапи за зацврстување на вените го намалуваат зголемениот притисок во крвните садови и го убрзуваат протокот на крвта. За превенција најсоодветни се чорпи со поблаг притисок и тоа различен на скочните зглобови, на потколениците и на бутовите.
-aвторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-