Во следниот видео запис е прикажано предавањето на др. Росигнол кој ја објаснува улогата на ХБОТ кај децата со аутизам.
Неколку причини зошто хипербаричната терапија треба да биде дел од терапевтскиот протокол кој се спроведува кај децата со аутистичен спектар на нарушувања
- Со ХБОТ се постигнува зголемување на протокот на крв во мозокот , се зголемува концентрацијата на кислород во мозочните клетки – овој ефект популарно се именува како будење на мозочните неврони.
- Единствена терапија со која истовремено се третираат воспалителните промени во мозокот и дигестивниот систем
- Бактерицидно или бактериостатско дејство на патогените микроорганизми кои директно го напаѓаат дигестивниот систем или делуваат преку ослободување на токсини.
- Стимулација на матични клетки од коскената срцевина
- Постојат повеќе теоретски сознанија со кои се потврдува улогата на хипербаричната оскигенација во елиминацијата на токсични метали од организмот.
Значајни промени кои настануваат како резултат на ХБО терапијата се:
- Промени во однесувањето кои се манифестираат со намалување на хиперактивноста, иритабилноста и стереотипниот начин на однесување
- Се подобруваат способностите потребни за самостојно изведување на задачите
- Поголема заинтересираност да се впуштат во игра со своите врсници
- Подобрување на вербалната комуникација (употреба на нови зборови, формирање на реченици, ја разбираат подобро содржината на говорот)
„Употребата на кислород во услови на зголемен притисок претставува едно од најзначајните откритија во медицината, кое може да се спореди со откривањето на антибиотиците и трансфузијата на крв” – д-р Ј.Х.Јакобсон
дознајте повеќе за д-р Марија Јакимовска