Придобивка од млечните производи

Во последниве години млечните производи се на лош глас. Има повеќе причини за тоа, но како најглавна причина се смета тоа дека тие содржат многу масти. Типот на масти кои се наоѓаат во полномасните млечни производи припаѓаат на заситените масти, што значи дека оние кои консумираат намирници со заситени масти имаат зголемен ризик од кардиоваскуларни болести. Премногу заситените масти исто така предизвикуваат и гојазност.


Млечните производи се преполни со нутритиенти корисни за здравјето на коските. Децата и тинејџерите кои не консумираат млеко имаат помала густина на коските и треба да внесуваат доволно количество млечни производи за да се подобри состојбата. Точно е дека калциумот може да се добие и од други намирници, не само од млекото, но неговата содржина во нив е многу ниска. Количината на калциум која ја има во една чаша млеко е иста на количината на калциум која ја има во три чаши брокула.


Некои сметаат дека не можат да консумираат млечни производи бидејќи се интолерантни на лактоза. Одреден број на луѓе секако неможат да ја “сварат” лактозата, поради недостатокот на одредени ензими во желудникот. Но,многу луѓе може да го развијат потребниот ензим доколку редовно внесуваат млечни производи. Јогуртот е идеален за сите оние кои имаат потешкотии со млечните производи, затоа што бактериите во него имаат високо ниво од овој ензим.

 

Кој млечен производ да се одбере?

Пред да посегнете по павлаката, треба да знаете дека сите млечни производи немаат исти состојки и исти придобивки по Вашето здравје. Павлаката е богата со масти но во неа има мало количество калциум и Витамин Д. Јогуртот, млекото и киселото млеко се подобар избор.

-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Кристина И. Стојаноска - Алоска
Д-р Кристина И. Стојаноска Алоска е родена 1984 год. во Охрид. Средно образование завршува во гимназијата “Св. Климент Охридски” , природно - математичка насока, во 2003 год. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2008 год. Учествувала на повеќе конгреси, семинари и работни курсеви од областа на стоматологијата. Професионален ангажман: Работи во Стоматолошката ординација „Д-р Каланоска“ - Охрид Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!