Праз – зеленчук за долг живот

 

Иако знаеме за тоа колку се здрави кромидот и лукот за јадење, сепак одбегнуваме да ги јадеме заради нивниот мирис. Поради тоа одбегнуваме да го јадеме и празот кој важи за еден од најдобрите зеленчуци. Откако ќе слушнете што сè содржи верувам ќе се подзамислите. Ако ништо друго пробајте, можеби ќе ви се допадне.

Според нутритивниот состав празот е подобар од лукот и кромидот, бидејќи содржи повеќе белковини, бета-каротен и витамин Ц. Содржи и фолна киселина во големи количини. Од минерали, празот е богат со манган,  железо, магнезиум, фосфор, калиум и калциум.

Зеленчук за здрав живот

Празот има повеќеструко влијание врз организмот. Неговиот внес во исхраната е многу важен од следните аспекти:

  • Варењето на храната

Етеричните масла што се содржат во овој зеленчук влијаат на излачувањето на етеричните масла, а со тоа влијаат на варењето на храната. Кога јадете висококалорични оброци, особено месо, добро е да каснете и свеж праз.

  • Работата на срцето

Тоа што го прави празот поинаков од другите зеленчуци е состојката позната како алицин. Станува збор за природен антибиотик  што го намалува крвниот притисок, холестеролот во крвта и го јакне имунитетот. Токму поради тоа, празот е одличен  превентивен лек против кардиоваскуларни болести.

  • Работата на бубрезите

Во својот состав празот располага со калиум, а послабо со натриум или сол. Калиумот влијае на излачувањето на течностите и токсините преку бубрезите. Тој треба да биде незаменлив оброк на трпезата на бубрежно болните.

  • Изгледот на кожата

Дозите на витамин Е и каротен што може да се сретнат во празот може да бидат вашиот најголем сојузник во постигнување здрава, еластична и нежна кожа. Супата од праз докажано го подобрува и го осветлува тенот.

Страв за калориите

Празот содржи минимално количество калории. Во 100 грама праз има само 30 калории. Истото се однесува и на мастите и шеќерите. Oд друга страна – изобилува со целулоза и ве прави подолго време сити.

Празот е вистински страв за калориите. Ги согорува со неверојатна брзина, затоа се препорачува во сите режими на исхрана. Тие што имаат намера да одржуваат линија, задолжително нека го јадат во комбинација со месо, за побрзо да се ослободат од мастите.

-Aвторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Кристина И. Стојаноска - Алоска
Д-р Кристина И. Стојаноска Алоска е родена 1984 год. во Охрид. Средно образование завршува во гимназијата “Св. Климент Охридски” , природно - математичка насока, во 2003 год. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2008 год. Учествувала на повеќе конгреси, семинари и работни курсеви од областа на стоматологијата. Професионален ангажман: Работи во Стоматолошката ординација „Д-р Каланоска“ - Охрид Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!