Овошје и зеленчук на летната трпеза

Пред нас е уште едно долго топло лето. И доколку испадне народната “по утрото се познава денот”, тогаш очекувајте пеколно жешко лето.

На само чекор до  пеколните горештини ви наведуваме неколку важни совети околу исхраната (овошје и зеленчук) што треба да ги практикувате за да го освежите вашиот организам.

Целокупниот здрав режим на исхрана во себе вклучува исхрана богата со овошје и зеленчук. Ваквиот режим има големи придобивки по здравјето на секој човек:

  • Со консумирање храна богата со овошје и зеленчук се редуцира ризикот од кардиоваскулатни заболувања, се намалува ризикот од Дијабетес тип 2, штити од некои видови канцер.
  • Зеленчукот и овошјето кои во себе содржат калиум (компири, грав, домати, боранија, соја, леќа, спанаќ, банани, суви сливи, суви праски и кајсии, диња) може да го намалат ризикот од развој на камења во бубрезите и помага во намалувањето на губењето на коскената маса.
  • Со конзумирање на овошје и зеленчук се намалува нивото на холестерол во крвта бидејќи ниту еден вид природно не содржи холестерол
  • Овошјто и зеленчукот се голем извор на хранливи материи, диетални влакна, фолна киселина, витамин А, витамин Ц, витамин Е и калиум
  • Влакната во овошјето се важни за правилната работа на цревата и со тоа помагаат во намалувањето на констипацијата и вршат превенција од појава на хемороиди.
  • Овошје и зеленчук особено им се препорачува на бремените жени поради количеството на фолна киселина што го содржат, со што би се спречило појава на аномалии кај фетусот.
  • Витаминот Ц помага при зајакнување на имуниот систем, во зараснување на раните и ги одржува здрави забите и непцата.

 

Д-р Кристина И. Стојаноска - Алоска
Д-р Кристина И. Стојаноска Алоска е родена 1984 год. во Охрид. Средно образование завршува во гимназијата “Св. Климент Охридски” , природно - математичка насока, во 2003 год. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2008 год. Учествувала на повеќе конгреси, семинари и работни курсеви од областа на стоматологијата. Професионален ангажман: Работи во Стоматолошката ординација „Д-р Каланоска“ - Охрид Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!