Лимета – лекар во домот

Ова цитрусно овошје со зелена кора и светлозелена пулпа, често се поистоветува со лимонот, затоа што имаат ист изглед и мирис. Но, лимета (зелен лимон) припаѓа на друг вид цитруси. Околу 100 гр лимета содржи 30 калории, 11 гр јаглени хидрати, 1,7 гр шеќери, 0,2 гр масти, 0,7 гр протеини и дури 29 мг витамин Ц. Ова овошје е најкисело и има силни антибактериски својства.

Лековитите својства на лиметата

Лиметата е  “супер лимон” кој го подобрува варењето, спречува запек и уринарни инфекции, ги ублажува респираторните тегоби и тегобите со гингивата и кожата, а корисен е при диети за слабеење. Се употребува во кулинарството и во козметиката.

Миризливите масла кои ги содржи плодот од ова овошје го подобруваат варењето на храната, а чаша со топла вода во која е растворен сокот од лимета помага при слабеење.

Етеричните масла од ова овошје го зголемуваат излачувањето на желудочните сокови, жолчката и киселините и ја стимулираат цревната перисталтика, па затоа се препорачува при опстипација (запек).

Овие масла се користат за подготовка на балзам и инхалатори, кои во краток рок го олеснуваат дишењето и ги олеснуваат респираторните тегоби предизвикани од респираторни инфекции.

 

Лимета е многу богат со калиум и е ефикасно средство за елиминирање на токсичните супстанции кои се насобираат во бубрезите и мочниот меур, со што го убрзува лекувањето на уринарните инфекции.

Богат е со витамин Ц и се употребува во случај на крварење од гингива  и осетлива гингива.

Сокот од лимета го ублажува осипот и чешањето на кожата предизвикани од инфекција, а козметичките препарати направени на база на ова овошје го враќаат сјајот на кожата.

Лимонската киселина од плодот на лимета е одлична за согорување на мастите, затоа се препорачува кај дијабетичарите, а напитоците со вкусот на ова цитрусно овошје проверено е дека го закрепнуваат организмот.

Екстратот од есенцијалните масла е составен дел од многу парфеми, производи за чистење на кожата, сапуни и дезодоранси, а со тоа многу се користат и во ароматерапиите.

Предлог рецепт со лимета

Потребнo

  • 2 лимети
  • 2 лимони
  • 2 портокали
  • 4 киви и
  • 2 лажици мед.

Овошјата се лупат и се блендираат. Овој напиток најдобро е да се конзумира наутро бидејќи дава сила за целиот ден и претставува права витаминска бомба.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Кристина И. Стојаноска - Алоска
Д-р Кристина И. Стојаноска Алоска е родена 1984 год. во Охрид. Средно образование завршува во гимназијата “Св. Климент Охридски” , природно - математичка насока, во 2003 год. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2008 год. Учествувала на повеќе конгреси, семинари и работни курсеви од областа на стоматологијата. Професионален ангажман: Работи во Стоматолошката ординација „Д-р Каланоска“ - Охрид Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!